Кога ќе се погледне табелата во Лига 1, 10 места подолу и 45 бода зад богатиот Пари Сен Жермен ќе го најдете најскромниот клуб во француската прва лига.
Се вика Јуки Каваучи, има 31 година, доаѓа од Јапонија и неговата победа комплетно ги изненади експертите и коментаторите на Бостонскиот маратон, ама не и неговите фанови низ светот.
Атлетик Билбао изгуби минатиот викенд од давеникот Депортиво Ла Коруња 2:3 во 32. коло од шпанското првенство. Вториот гол за домаќините го даде Маркел Сусаета - директно од корнер.
Површината на едно складишта на Амазон во Британија е нешто повеќе од 65.000 метри квадратни. На таа површина, распоредена на четири ката, има работна сила од 1.200 луѓе и се на се 2 тоалети за сите овие вработени (на приземје), кои отприлика се оддалечени 10 минути одење пешки. А Амазон не простува 10 минути.
Додека Порто и Бенфика се бркаат со 2 бода предност, во Турција четири екипи очи ќе си извадат за титула, а во Шпанија и Италија работите се скоро јасни, во Премиер лига и Лига 1 веќе се славеше.
Жени вработени во ЕИГЕ пријавиле сексуално малтретирање од своите, најчесто постари, колеги, а неретко и од шефовите. ЕИГЕ (Европски институт за рамноправност на половите) е агенцијата на ЕУ која требаше да спречи вакви работи.
Јагодите трета година по ред се на прво место на листата Дванесетмината валкани, во просек со траги од 10 пестициди по примерок. Рекордер меѓу јагодите бил примерок со траги од 22 различни пестициди.
Вториот дел од филмот на Хичкок во ЛШ од стадионот Олимпико во Рим продолжи на Сантијаго Бернабеу. Јувентус извади херојски 0:3 за еден час игра вредни продолженија, но судијата свирна пенал во последните секунди од мечот. Буфон збесна и доби црвен, а соочувањето со Роналдо од 11 метри го имаше Шчесни.
Во исто време додека објавува видео од израелски снајпер како застрелува невооружен човек, Гардијан пишува и за „судири“ меѓу Израел и Палестина. Проблемот со терминологијата е што „судир“ предвидува спротивставени страни кои горе-долу се рамноправни по својата моќ, што во ситуацијава никако не е точно.
Некој прогнозер во Јамајка кога видел дека во кладилница му го згрешиле типувањето, се затрчал да смени но веќе било касно. И среќа негова што било доцна.
Веќе почнавме да ги сонуваме правилата за француска мода, делумно затоа што стварно држат вода, а делумно затоа што се претера со нив во сите можни медиуми. А што знаеме за скандинавскиот стил и сите правила што важат таму? До сега, не премногу.
Веројатно најлудиот твит некогаш напишан од страна на човекот кој е задолжен за официјалниот Твитер на Рома е овој вечерва после последниот свиреж на судијата. Рома - Барселона 3:0 и не знам што куцам на тастатурата.
Ако за некој натпревар сезонава во ЛШ треба да се каже чудо, тоа е вечерашното четвртфинале на кое Барселона е во нокаут. Загуби 3:0 и се збогува од Лига на шампиони. Во полуфинале со Рома, патува и Ливерпул кое одново го совлада моќниот состав на Гвардиола.
За да ги премости сите можни недоразбирања и препреки во ширење на пораката, Кина одлучи својата решителност околу посветеноста на обновлива енергија да ја покаже со пари.
Фејсбук има донирано за кампањите на 46 од 55-те членови на конгресниот комитет што следната недела ќе го сослушува Марк Зукерберг околу целото нарушување приватност што го прави неговата платформа.
Како што изминува времето на легендарните Шарапова, сестрите Вилијамс, Кузњецова, Азаренка и Ана Ивановиќ, така на тениските терени се појавуваат нови девојчиња кои играат одлично и се спремни да ја направат смената на генерации.
Во март британскиот министер за надворешни работи во интервју за Дојче веле потврди категорично, неодречиво и „со златни букви Тито“ дека отровот што е искористен против Скрипал доаѓа од Русија и дека тоа му го потврдиле од лабораторијата што испитувала. Не му го потврдиле.
Бандата на Клоп има 3:0 против Сити од првиот четвртфинален дуел од ЛШ, ама и армија на ептен верни навивачи кои ги пречекаа како херои уште пред да почне мечот. Снимаше Џејмс Милнер.
По Реал и Баерн синоќа, голема работа околу пласманот во полуфинале на Лига на шампиони завршија вечерва Барселона и Ливерпул. Рома си даде два автогола, а Џеко е прв играч на „Волчицата“ кој дал 5 гола во една сезона од ЛШ.
Загревањето за вечерашните топ две четвртфинални средби од ЛШ не можеше да биде појако. Во 18:30 се среќаваат Интер и Милан во заостанат меч од Серија А. Одиме со еден маестрален потег на Феноменот пред 20 години во дуел со Себастијано Роси. Тоа дерби заврши 3:0. Резултатот го отвори и го затвори Чоло Симеоне.
Кога данската држава, заради инклузија на маргиналните групи, сака да ги укине гетата, на дојденците тоа им се слуша како: „Одете си дома“. Практично, државата им порачува дека треба нешто да работат а овие реагираат со „Е да бе, све нешто ние да правиме“.