Шампионскиот викенд на Манчестер Сити, ПСЖ и ПСВ

Додека Порто и Бенфика се бркаат со 2 бода предност, во Турција четири екипи очи ќе си извадат за титула, а во Шпанија и Италија работите се скоро јасни, во Премиер лига и Лига 1 веќе се славеше.

МАНЧЕСТЕР СИТИ
На Баерн Минхен кој минатата недела ја продолжи низата на титула викендов предвреме му се приклучи и Манчестер Сити. Тоа им се случи на најсладок можен начин. Нивниот градски ривал загуби од ВБА, последниот на табела во Премиер лигата.
 
До крајот на сезоната има уште 5 кола, но Сити му избега на Јунајтед на недостижни 16 бодови разлика и стигна до титулата број 5 во својата историја. Во ерата на арапските вложувања последните две титули ги освоија со Пелегрини (2014) и Манчини (2012).
 
Сити стигна до тронот на убедлив начин со најдобриот напад (93 дадени гола) и најдобрата одбрана (25 примени) во лигата и за само еден ден не го израмни рекордот на најрано освоената титула во Премиер лигата.
 
 
Манчестер Јунајтед Фергусон во 2001-ва година славеше на 14 април. Заедно со Сити само два пати Јунајтед и еднаш Евертон успеале да слават титула на 5 кола пред крај.
 
Со спектакуларниот напаѓачки фудбал Пеп Гвардиола е на дофат на неколку нови рекорди. Им требаат уште две победи за да го стигнат Челси кој ја освои титулата со 30. Челси во 2010-та постигна 103 гола, а Сити сега има 93. Ако освојат уште 13 бода до крај ќе станат првиот тим во лигата со 100 освоени бодови.

ПСЖ
Со идентичен скор од 28 победи, 3 нерешени и 2 порази како Сити е и тимот на ПСЖ кој пак веќе има постигнато 103 гола, онолку што им треба на Граѓаните за рекорд во лигата.
 
Парижаните синоќа го демолираа Монако со 7:1, тимот кој лани им ја прекина серијата од четири титули во низа. Но еве го ПСЖ со петта титула во последните шест сезони во француското првенство и 17 бода предност пред нивниот ривал.
 
Поразот е до толку тежок и срамен што Монако решил да им ги врати парите на своите навивачи кои платиле за карта.
 
 
ПСЖ доминираше во Франција со најдобриот стрелец во лигата Единсон Кавани кој има 25 гола. Втор е неговиот колега Нејмар со 19 погодоци, а од страшната напаѓачка навала Мбапе има 13, а Ди Марија 11.
 
ПСВ
Третиот тим кој предвреме ја заврши работата е ПСВ кој на дербито го совлада Ајакс со 3:0 и на три кола до крај му избега на недостижни 10 бода предност. Момците на Филип Коку ја слават титулата број 24 во својата историја. Ајакс е прв со 33.
16 април 2018 - 12:08