Меѓу главните проблеми на Украина е воспоставувањето на државна граница со Русија, граница која никогаш претходно во историјата не постоела во оваа форма.
Во понеделникот репрезентацијата на Украина го победи европскиот шампион Португалија со 2:1 и меѓу првите обезбеди пласман на Европско првенство 2020. „Жолто-сините“ играат многу убедлив фудбал, а ренесансата ја направи легендарниот Шева.
По примерот на Манчестер Јунајтед, и Милан докажува дека кога еден гигант ќе го допре дното, многу е тешко да се врати на старите патеки на успехот. Со години росонерите не можат да се опорават, а нов шамар синоќа им залепи Фиорентина предводена од ветеранот Рибери.
Наместо Путин, главен „зликовец“ во руската верзија станал Трамп. Плус без знаење на авторот се променети и некои битни термини. Сепак тој деновиве е под остра критика на јавноста што се согласил на каква и да е адаптација под притисок на руските цензори.
Во свет каде со фудбалските клубови владеат азиски инвестициски фондови, играчите менуваат клубови како чорапи и нема никаква романтика, приказната за Монца е убава бајка која не знаеме дали ќе има среќен крај.
Политиката никако не престанува да се меша во спортот. Последен ваков случај доаѓа од Украина каде долгогодишен репрезентативец бил избркан од националниот тим поради тоа што игра во руски клуб.
Човекот кој ги организира вечерите на Путин со лидери како Џорџ Буш помладиот, на своето резиме има и раководење со некои од најексклузивните ресторани во Русија, како и раководење со Агенцијата за истражување на интернет, исто така позната и како „фабрика за тролови“ која се вмеша во американските избори во 2016.
Неговата игра не можеше да се опише со зборови, неговиот стил беше неповторлив а „Златната топка“ освоена во 2004-та стана признание за неговата уникатност.
И во врвот на Студената војна, германските домови се греат благодарејќи на горивото испорачано преку 4.000 километри долгиот советски нафтовод Пријателство. Иако Пријателство ќе продолжи со работа, апдејтот на руско-германската соработка во форма на Северен тек 2, е сериозен извор на проблеми и притисоци врз Меркел.
„Трескавичното бладање на либералите на тема Трамп-Русија достигна статус на пародија“ е насловот на колумната на Метју Валтер во магазинот Вик, инспирирана од обемната главна сторија на новиот број на Њујорк магазин, чиј краен заклучок е дека актуелниот американски претседател од 1987 е агент на руската влада.