Просто неверојатно идентични судбини на најдобрите фудбалери на светот со нивните браќа. И двајцата имаат страшно незгодни браќа кои прават проблеми каде стигнат а кои да докажат дека се послушни во „слободно време“ работат во музеите на ѕвездите.
Невозможно е да се поверува но Волкот има 28 години. Како вчера да беше кога англиските топ-клубови се бореа за него додека беше средношколец, додека Nikе работеше со него на 14 години а на 17 заигра на Светско во Германија.
18-годишниот Едвард Нкетиа синоќа на мечот во Лига Купот против Норвич влезе во 85’ минута при 0-1 за гостите. Со првиот контакт израмни а во продолженијата му донесе победа на Арсенал.
Борха Мајорал има само 20 години и премало искуство за да го ставиш во средина во едно вакво друштво. Малиот се обиде да му ја земе на Роналдо, а овој направи потег по кој сите се фатија за глава.
Од пред некое време ја носи капитенската лента на англиската репрезентација и на Светското ќе предводи млад и амбициозен состав. Каков бил фудбалскиот пат на Хари Кејн?
На 11 години со ранец на грбот го испратиле сам од родниот остров Мадеира во големата метропола Лисабон каде му било тешко без најблиските. Денес на копачките има изгравирано зборови и последната работа што ја прави пред да истрча на терен е да ги прочита: „Сонот на малиот“.
Упорноста и напорниот труд кои ги вложил во судбоносните два месеци за да докаже дека е талентиран фудбалер во јуниорите на Саутемптон го направија Окс еден од најдобрите англиски фудбалери на денешницата. Од Арсенал прејде на „Енфилд Роуд“ а го одби Челси.
Алексис Санчез во секој клуб каде што играл бил познат за неговата претерана детинетост. Ден денес сакал да гледа цртани, да игра со играчки, да вози возови на далечински и да шета кучиња. Но тоа не му смета да биде најдобриот чилеански фудбалер.
По многумина најдобриот лев бек во историјата на фудбалот. Човекот кој фудбалот го играше со најголемите величини каков што беше и самиот има неверојатна биографија за која наскоро може да се очекува игран филм.
Бразил е земја непресушен извор на таленти кои со топката прават чуда. Последно откритие е Винисиус Жуниор, 16-годишното момче кое пред неколку дена првпат тренирал и дебитирал со сениорска екипа. Реал не размислувал два пати и веднаш го купил.
Пред извесно време многу луѓе се чуделе како татко му на Килиан Мбапе ги одбил Реал Мадрид и Зинедин Зидан. Откако норвешкиот вундеркинд Мартин Едегор беше најавен на голема врата, а заврши во просечен холандски прволигаш, талентите „прво дуваат во јогурт“.
Иако важи за клуб кој ги прави најскапите трансфери во светот и со голем буџет и скапи ѕвезди сака брзи успеси, сепак во Кралскиот клуб во последно време има една стратегија која се вика „Во младите е иднината“.
Глен Хелдер бил роден за фудбалер. Имал дриблинг на кој му завидувале од Јохан Кројф и Денис Бергкамп до Ван Перси и Марк Овермарс. Но единствен противник кој не можел да го дрибне била зависноста од коцка која му земала сè што имал во животот.