Легендарниот Бразилец кој по конституција и градба личеше на сè освен на врвен голгетер и неверојатен стрелец, беше најзаслужен што просечниот клуб Вердер од Бремен стана сензационален шампион на Германија а тој прв стрелец во Бундеслига.
Колумбискиот голман важеше за еден од поексцентричните фудбалери какви што фудбалот ретко видел. Тој често излегуваше далеку од својот гол, дриблаше, започнуваше напади, ризикуваше, шутираше слободни удари. Автор е на култниот удар скорпион против Англија на „Вембли“.
За новата светска шампионка на 100 метри, Шакари Ричардсон се крие приказна составена од напуштања, обиди за самоубиство, кавги, долги нокти, срушени рекорди, малку радост и ракувања.
Голем инцидент се случи на 15. алпска етапа на Тур де Франс. Главен кривец е неодговорна бараба која сакала да се слика со велосипедистите и да земе некој сувенир од нив среде трка, на 50-от километар од патеката. Прв настрадал Американецот Сек Кус после што следувала ланчана реакција и лом.
За Мамиќ, Ѕампарини, Хесус Хил и Џиџи Бекали знаеме речиси сè. Ако од сите нив ги извадиш најдобрите карактеристики ќе го добиеш Масимо Фереро, харизматичниот газда на Сампдорија чии навивачи го обожаваат. Неговиот животен пат немал многу што со фудбалот.
Во НБА лигата играле многу необични ликови, но од самото основање до денес поголеми психопати од Денис Родман и Рон Артест паркетите во најдобрата лига на светот не виделе. А богами и надвор од нив.
Гласниот заговорник на независна Каталонија важи за најдобар тренер на денешницата. Неговиот Манчестер Сити игра нереална сезона и дава по 6-7 голови по натпревар. За тоа е најзаслужен токму Пеп кој има свои принципи на работа од кои не отстапува.
И сега се прашувате што бараат овие “чесни“ момци заедно во наслов. Гол.ком направи листа на топ 20 најконтроверзни претседатели во фудбалот. Друштвото е “ултра скромно“, а од нив дури седуммина се Италијанци.