Кинески ботови го преплавуваат Твитер со сексуално експлицитни содржини во обид да го сопрат ширењето на информации за масовните протести низ земјата. Секое пребарување кое содржи име на барем еден од градовите каде што во моментов се протестира, дава резултати со огласи што се однесуваат на проституција, порно филмови, или понуди за онлајн коцкање.
Личните податоци на милиони американски корисници на Тикток се собираат и обработуваат од Кина, заради што двете најголеми мобилни платформи треба да ја избришат апликацијата од своите продавници.
Саудиска Арабија е на пат да дозволи нафтата што Кина ја купува од нив да ја плаќа со јуани наместо како сите децении до сега со американски долари. И ова не е толку заради Кина, колку за инает на САД.
Министерствата за образование и финансии на Кина составија список од 331 дисциплина во која 147 универзитети од земјата имаат фора до 2030 за да постигнат „првокласен стандард“.
Пекол, чистилиште и рај се трите света низ кои поминал симпатичниот висок Бразилец Жо, центарфор кој играше за ЦСКА Москва и Манчестер Сити а од пропаста го извлекол Роналдињо.
Некогашниот шпиц на Удинезе, Рен, Сандерленд и репрезентацијата на Гана неколку години го немаше на фудбалската мапа и сите заборавија на него. Сега се враќа како цар од Истокот.
Ништо националистички и расистички, туку пиар пред светот и бизнис, па додека Кина се брендира како центар за чиста обновлива енергија, целото свое производство на јаглен го преселија во Африка.
„Тука ми е убаво: имам за јадење, ме облекуваат, ме тренираат, чисто е и имам другари. Не сакам да си одам“, вели едно од многуте деца-борци во еден ММА клуб во Кина кој ја шокирал јавноста во оваа земја.
Банда од 14 баби е осудена на 2 до 11 години затвор од кинескиот суд заради барање исплата на долгови користејќи "провокативни и вознемирувачки методи".
Успешно деби на клупата на Зенит имаше Роберто Манчини па никој и не примети дека гостувале во Хабаровск на 6.200 километри подалеку од Санкт Петербург. Но тоа не е единствена далечна дестинација во првенствата ширум светот.
Откако заврши сезоната во руската лига и се одредија патниците во евро-куповите, прволигашите од оваа земја дознаа дека следната сезона ќе мора да гостуваат на крајниот исток близу Кина.
Годинава на распоредот на кинескиот универзитет за дипломати ќе бидат додадени за учење 11 нови јазици, меѓу кои и тигриња, ндебеле и коморски, инаку локални јазици во некои од стратешките области на Африка.