Ракометарите на Вардар не успеаа да го добијат тврдиот противник и со посакувана победа да патуваат на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Унгарскиот состав со гранитна одбрана и големо искуство го освои Јане Сандански.
Ракометната треска во четвртфиналето од Лигата на шампионите стартуваше околу два часа пред мечот во фан зоната пред салата Јане Сандански. Навивачите на Вардар и Веспрем заедно се во исчекување на првата голема пресметка која се надеваме дека ќе ја добијат црвено - црните.
Ракометарите на Вардар трета година по ред се во обид да ја минат пречката наречена четвртфинале во ракомената Лига на шампиони и да им се придружат на Вардарки.
Ракометарките на Вардар го добија најлесниот противник на ждрепката за Ф4 во Будимпешта. Историско финале во Лигата на шампионите ќе бркаат против ЦСМ Букурешт.
Безидејноста на Вардаровите играчи синоќа ги присилуваше кога е најтешко топката да му ја дадат на ветеранот Тоскиќ, кој буквално сам се бореше со цела противничка одбрана и во таква ситуација даде 8 голови. Србинот од следната сезона ќе настапува за словенечкиот тим Горење.
Два црвени картони, врвен ракомет, многу промени во резултатот, ерупција во Јане Сандански и Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите е епилогот на вечерашниот реванш против Висла Плок.
Вардар во сабота од 18:00 часот го игра реваншот против полската Висла Плоцк, екипа која се извлече на првиот дуел по водството на Скопјани од четири голови разлика на четири минути пред крајот и ремизираше 30:30.
Во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Вардар имаше четири голови предност на три минути пред крајот, но Висла Плок успеа да дојде до реми 30:30, резултат кој му дава големи шанси на Вардар за четвртфинале.
Ракометарите на Вардар убедливо со 34-26 го совладаа францускиот Монпеље во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Противник во осминафиналето веројатно ќе им биде како и лани, Висла Плок.
Четири натпревари - четири победи е учинокот на ракометарките на Вардар на последните дуели од групната фаза во ЛШ каде фатија залет за борбите во четвртфиналето.
Ракометарките на македонскиот шампион вечерва во Романија го совладаа тимот на Букурешт со 30:25 и го обезбедија третото место во главната фаза кое носи извесно полесен противник во четвртфиналето.
Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Германија против лидерот на Бундеслигата Рајн-Некар со 28:27 и првпат после четири меча против овој противник со спуштени глави го напуштија паркетот.