Во 24. минута од мечот меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, Кристијано Роналдо од пенал го промаши целиот гол, нешто што не му се случило во претходните 55 изведувања во шпанската Ла Лига. Португалецот се извади во 42. минута од првиот дел (пази иронија од пенал).
Една априлска вечер во Њујорк, кошаркарот на Атланта беше повреден и уапсен заедно со Перо Антиќ. Еве ја приказната за тоа како Табо стана симбол на граѓанските права во САД.
Иако Варди од Лестер минатиот викенд му го израмни неверојатниот рекорд со 10 голови по ред во Премиер лигата, Холанѓанецот Руд Ван Нистелрој изјави дека му е мило затоа што рекордите се тука за да се рушат. Како самиот Руд решеташе во Манчестер Јунајтед?
Дуелите на двата најголеми клуба на светот имаат и темна страна. Не бeше сè до головите, парадите и неверојатните дриблинзи, туку се правеа и нелогични грешки.
Кошаркарите на Атланта Хокс на полувремето губеа дури 30 разлика од Минесота Тимбервулвс, по што Џеф Тиг и Ал Хорфорд сакаа да се степаат со противничките играчи. ЛА Клиперс го доби дербито со Мемфис.
Реал и Сити се пласираа во осминафиналето на ЛШ на две кола пред крајот на групната фаза. ЦСКА Москва сурово казнета за промашувањата против Јунајтед. Кејлор Навас стана првиот голман во историјата на ЛШ што не примил гол на првите шест натпревари.
„Не беше лесна одлука, но прав момент е да се каже доста е", со овие зборови иконата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко објави дека се повлекува од фудбалот на крајот од сезоната.
Диего Симеоне првпат загуби натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен. Манчестер Јунајтед го совлада тврдиот Волфсбург, а победи славеа уште и ПСЖ, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.
Ако барате статистика за вечерашниот меч меѓу Малме и Реал Мадрид во ЛШ или ако чекате податоци за претходни дуели од коментаторите за време на ТВ преносот, нема ништо да најдеше, а ниту ќе чуете. Кралевите во Шведска до сега оделе само на турнеи.
На клупски план постигна 298 гола, а за Бразил на 98 настапи даде 62 гола. Од Меси и Кристијано, до Зидан и Златан, сите велат дека таков Феномен не се родил.
Јувентус го совлада Манчестер Сити 1-2 на гостински терен и направи големо изненадување во првото коло од ЛШ. Реал убедлив против Шахтјор, Јунајтед поразен во Ајндховен, лесни победи на ПСЖ и Севиља.
Фудбалерите на Реал одлично ја играат пред-сезоната каде веќе ги добија Ман. Сити 4-1 и Интер 3-0. За триумфот против Интер, Бенитез им дал слободно, па во базен се брчкаа и жонглираа Серхио Рамос, Начо и Иско.
На еден месец од 33-от роденден, Перо Антиќ денес потпиша договор со Фенербахче. Трансферот предизвика големо внимание во кошаркарска Европа. Навивачите на турскиот клуб им посакуваат добредојде и на Антиќ и на Гркот Костас Слукас со кој Перо два пати ја освои Евролигата во Олимпијакос.
Симпатичните и атрактивни девојки кои се грижат за забавниот дел за време на паузите на секој натпревар се бираат секоја сезона по пат на аудиции. Хокси ги претставија новите 30 за сезоната 2015/2016 во која сè уште не знаеме дали Перо Антиќ ќе биде дел од неа.
На Сантијаго Бернабеу врие како во котел, откако играчите се свртеа против управата. Рамос, Роналдо и Касиљас, секој од свои причини се револтирани од односот на Флорентино Перез.
Патот на двократниот европски првак до НБА се покажа како вистински чекор за Перо Антиќ. И покрај тоа што сезонава најчесто влегуваше од клупа, најсилната кошаркарска лига на својот веб сајт го величи за неговата игра.
По збришката на Атланта со 4-0 и толчењето на Хјустон со 4-1, првото прашање кое се наметнува е: дали Кливленд и Вориорси беа прејаки или Атланта и Хјустон беа преслаби!? Кошаркарски гледано, ми навагнува втората претпоставка.
Џеј-Ар Смит постигна осум тројки и практично сам му овозможи на Кливленд триумф над Хокси 97:89 во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Леброн го престигна Џордан на плејоф поентерската листа.
Синоќа Мемфис го совлада Портланд и закажа дуел со апсолутниот лидер Голден Стејт, додека Атланта е на чекор од следната рунда. Половина екипа на Хокси играше под повреда.