Со поразот од Барселона во финалето на ЛШ, актуелниот италијански шампион стана рекордер по најмногу загубени финалиња во елитното натпреварување, но сезонава заработи најмногу.
По освојувањето на Примера и Копа дел Реј, фудбалерите на Барселона со тројна круна ја заокружија перфектната сезона. Големата победа во Берлин ја запечатија Ракитиќ, Суарез и Нејмар, а неизвесност за момент на мечот донесе Мората.
Со неколку измени во екипата, дон Фабио Капело го размонтира тогашниот Дрим тим на Барселона во Атина и на Милан му ја донесе европската круна. Ништо немаше да биде исто без Дејан Савичевиќ.
Фудбалерите на Баерн Минхен со пресврт во второто полувреме славеа на реванш полуфиналниот дуел со 3:2. Резултат кој не им беше доволен за финале, откако првата битка на Камп Ноу ја загубија со 3:0.
Со головите и асистенциите на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Барселона го совлада Баерн Минхен 3:0 и мирно ќе патува на реваншот во Минхен за осум дена.
По 16-годишен спор Војската на Романија ѝ го одзема на Стеауа името, грбот и боите. Тоа се одрази на екипата, која во јануари имаше 12 бодови предност, а сега на пет кола пред крајот едвај ја чува лидерската позиција од провинцискиот Таргу Муреш.
Кога ќе се погледнат сите екипи што останаа во Лигата на шампионите, на прв поглед изгледа дека Монако е најслабиот конкурент. Така беше и во 2004. година кога стигнаа до финале, но Мурињо им го украде сонот.
Фудбалерите на Порто и Барселона со една нога се во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва убедливо со по 3:1 ги совладаа своите противници. Вечер на Луис Суарез и Рикардо Кварезма.
Ракометарите на РК Вардар за два дена во Јане Сандански го играат првиот четвртфинален меч против силниот Кјелце, а капитенот Филип Лазаров истовремено посакува успех и за женскиот состав кој два и пол часа претходно го игра реваншот против Ѓер.
Фудбалерот од средниот ред на Севиља синоќа на гостувањето против Виљареал го постигна најбрзиот гол во Лигата на Европа, но тоа не е рекорд на сите европски натпреварувања.
Со реванш натпреварите од осмина-финалето, вечерва продолжува елитната Лига на шампиони. Челси и Баерн Минхен имаат поволни резултати, но не и гарантиран пласман понатаму против ПСЖ односно Шахтјор.
Во првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, Каталонците го совладаа Манчестер Сити на гости 1:2, а Јувентус со идентичен резултат го совлада Дортмунд. Реваншите се за две недели.
Вечерва во Торино ќе играат екипите што го создадоа европскиот класик во 90-те години, а во Манчестер, тимот на Сити ќе ја пречека Барселона во реприза на 1/8 финалето од лани.
Ако Норвежанецот Мартин Одегард заигра за Реал Мадрид во двомечот против Шалке од ЛШ, ќе стане најмладиот фудбалер што настапил во историјата на ова натпреварување. Ова е листата на 10 најмлади дебитанти.
Иако беа фаворити фудбалерите на Баерн Минхен кои околу половина час играа со фудбалер помалку не успеаа да ја затресат мрежата во Доњецк. Нерешено беше и на Паркот на принцовите, каде ПСЖ се врати по негативата од 0:1 и потоа пропушти зрели шанси за пресврт.
ПСЖ и Челси повторно ќе играат во нокаут фазата од ЛШ, откако лани во четвртфиналето клубот од Лондон отиде понатаму со гол на гостински терен. Баерн и Шахтјор осминафиналето ќе играат во Лавов, град оддалечен преку илјада километри од Доњецк.