Репрезентацијата на Мароко одигра одлична групна фаза и заврши прва во група пред силните Белгија и Хрватска. Во осминафиналето на пенали ја урнаа и големата Шпанија, а херој на бајката беше голманот на Мароканците Јасин Буну.
Минатата сабота ПСЖ со 2-1 ја совлада тврдата Ница, а првиот гол за Парижаните го постигна Лео Меси од слободен удар. Со преубав шут Аргентинецот го остави Каспер Шмајхел само со поглед да ја испрати топката во мрежа.
Во второто коло од шпанската втора лига Сегунда играа Малага и Лас Палмас, клубови од две прекрасни туристички дестинации на Пиринеите. Гостите славеа убедливо со 0-4, а пред мечот новата маскота на Малага за новата сезона, Súper Boke направи кардинален кикс и ја разлути цела Шпанија.
Трансферот на 35-годишниот Цеск Фабрегас во италијанскиот второлигаш Комо ја заинтригира фудбалската јавност. Шпанецот до минатата сезона беше член на Монако но одигра само два пати поради повреди на коленото. Сега доаѓа во клуб со најбогатиот сопственик во цела Италија.
Иако проблемите со гасот и нафтата се поитни, тоа што во моментот руски тенковски гасеници наместо украински трактори ги ораат украинските рамници за некој месец ќе се претвори во катастрофа каква што немаме видено.
Виљареал го згроми Еспањол со 5:1 и тоа благодарение на младиот 19-годишен Јереми Пино. За таков подвиг му требаа само 39 минути и четири удари во противнички гол. Влезе во историјата и постави неколку рекорди.
Најновиот фудбалски бисер доаѓа од Мајорка, а на Сантијаго Бернабеу го сметаат за фудбалер на долги патишта. Поради забраната за трансфери, Барселона не можеше да го ангажира Марко Асенсо летово, а Реал ги претрка Челси, Арсенал и Манчестер Јунајтед.
По Светското фудбалско првенство во Бразил кое ви испланира еден месец од летото, од викендов ќе имате на тв слична занимација, но во кошарка со најдобрите 24 репрезентации од светот.