Честа да биде домаќин на кошаркарскиот Мундијал број 17 ја има Шпанија, каде во периодот од 30. август до 14. септември во 6 сали ќе се одиграат 76 натпревари. Златото ќе го брани репрезентацијата на САД која го освои пред четири години во Турција.
Инаку, ова ќе биде последно Светско првенство во кошарка што ќе се одржува на секои четири години, затоа што ФИБА одлучи секој следен Мундијал да се игра на пет години за да не поклопува во исто лето со фудбалските Светски првенства.
На ждрепката која се одржа на 3. февруари во Барселона, кога во четири групи беа сместени по шест селекции, покрај правилата екипите кои беа во истиот шешир да не можат да се состанат меѓусебе, ФИБА одреди и дополнителни ограничувања:
- САД и Шпанија како две најдобри репрезентации на ранг листата на ФИБА не може да се состанат пред финалето. Шпанците како домаќини беа сместени во групата „А“, така што САД можеше да биде само во групата „Ц“ или „Д“;
- Финска не можеше да се најде во група во која што носител е европска селекција;
- Австралија не можеше да биде во група во која што е Нов Зеланд;
Натпреварите ќе се играат во Мадрид, Барселона, Гранада, Билбао, Севиља и Лас Палмас.
„Палата на спортот“ - Мадрид (15.500)
„Сант Жорди“ - Барселона (16.500)
„Општинска палата на спортот“ - Гранада (7.500)
„Општинска палата на спортот“ - Гранада (7.500)
„Бизкаја Арена“ - Баракалдо (15.414)
„Сан Пабло“ - Севиља (10.200)
„Гран Канарија Арена" - Лас Палмас (11.500)
Според престижниот „Вилијам Хил" најголем фаворит за освојување на златото е САД. Следува домаќинот Шпанија, а далеку зад нив се Литванија, Грција, Бразил, Аргентина и Хрватска.
Што се однесува до прогнозите за МВП играч на Светското првенство, и во таа категорија доминираат САД и Шпанија со 5 играчи меѓу кои се Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Пау Гасол, Дерик Роуз и Стефон Кари.
За целосен распоред на групите и тајмингот на натпреварите од СП Шпанија 2014 клик тука.