Руис познат под прекарот Јона кој настапува за второлигашот Реал Хаен по постигнувањето гол на натпреварот против Лас Палмас ја покажа маицата под дресот на која има порака со која дава поддршка за борба против ракот кај децата.
Иако не се работеше за никаков контроверзен натпис дисциплинската комисија го казни играчот со 2.000 евра и застана цврсто зад своите правила според кои на фудбалерите им е забрането да рекламираат слогани или кратенки од било каква содржина.
Јона за казната бил информиран од својот соиграч, а потоа и од клубот, а по натпреварот бил изненаден и изјавил дека неговата цел била само да го испочитува и да го поддржи светскиот ден за борба против ракот кај децата.