Комо го има најбогатиот газда на италијански клуб, Фабрегас доаѓа како прво засилување

Трансферот на 35-годишниот Цеск Фабрегас во италијанскиот второлигаш Комо ја заинтригира фудбалската јавност. Шпанецот до минатата сезона беше член на Монако но одигра само два пати поради повреди на коленото. Сега доаѓа во клуб со најбогатиот сопственик во цела Италија.

Цеск Фабрегас добил понуди од неколку страни, примамлива била и онаа на шпански Лас Палмас од шпанската втора лига Сегунда, но не се договориле.

Во меѓувреме некогашната клупска легенда на Арсенал кој освои Европско и Светско првенство со Шпанија, добил повик од Комо од италијанската втора лига Серија Б.

СОПСТВЕНИЦИТЕ НА КОМО СЕ ШЕСТ ПАТИ ПОБОГАТИ ОД БЕРЛУСКОНИ

Комо со години важи за апсолутно скромен клуб. Во историјата немаат големи достигнувања, а во март 2017-та клубот го купила поранешната сопруга на фудбалерот Микаел Есиен.

Комот после три месеци не платил 200.000 евра долгови и го изгубил професионалниот статус. Проектот на поранешната жена на Есиен пропаднал.

Во 2019-та Комо неочекувано го купиле индонезиски браќа милијардери: Роберт и Мајкл Хартоно. Тие ги подмириле сите долгови а екипата брзо стасала до втора лига од дното и закрепнала во статус на стандарден второлигаш.

Браќата Хартоно не се обични луѓе. Forbes го проценува нивното богатство на 45,5 милијарди долари и тие влегуваат во Топ70 најбогати луѓе на планетата. Хартоно станале и најбогатите сопственици на фудбалски клуб во италијанскиот фудбал: Силвио Берлускони кој владее со Монца која ја внесе од Серија Б во Серија А, на пример, има шест пат помало проценето богатство од браќата Хартино.

Браќата го наследиле сиот имот на татко им. Нивната компанија Djarum контролирала 20% од целокупниот пазар на цигари во цела Азија. Семејството Хартоно на меѓународен пазар се појавило во ’70-те години а подоцна почнеле да купуваат недвижнини по цела Индонезија. Набрзо браќата ги завладеале сите големи трговски центри во главниот град Џакарта.

Прав бум и огромно богатство стекнале во ’90-те години преку компанијата Политрон, во секторот за осветлување како и во телекомуникацискиот сектор. Тиа исто имале и одлични инвестиции во централната банка на Азија.

Затоа купувањето на клубот Комо привлекува внимание. Во Индонезија јавноста била збунета од овој договор затоа што се верувале дека на Хартоно не им е исплатливо да вложуваат огромни пари во фудал. Подоцна се испоставило дека купувањето на италијанскиот клуб е лична желба на еден браќата, Роберт Хартоно.

Тие се и официјално најбогатите сопственици на еден спортски колектив во цела Италија.

Комо откако добил нови сопственици не трошел многу за нови играчи а Фабрегас летово е прво познато име кое доаѓа во италијанскиот второлигаш. Со екипата извесно време тренирал Џеки Вилшер но англискиот фудбалер не можеле да го потпишат поради Брегзит. Подоцна Вилшер кој пред само неколку дена ја заврши кратката фудбалска кариера признал дека да тренира во Комо го убедиле некои негови другари.

СПОРТСКИ ДИРЕКТОР НА КОМО Е ДЕНИС ВАЈЗ КОЈ ИГРАШЕ ЗА ЧЕЛСИ

Во мај 2019-та година Комо го направил најголемиот трансфер во клупската историја - за спортски директор бил поставен капитенот на Челси од 1990-те години, Денис Вајз.

„Мислам дека како и во секој голем клуб, секогаш треба да има некој кој се разбира во фудбал повеќе од останатите. Спортскиот директор, како Марота во Јувентус а потоа и во Интер е некој кој знае повеќе од другите. Мислам дека Денис се наоѓа во уникатна положба. Ние се знаеме уште од соработката во младинските програми и заедно работевме со индонезиски младинци“, рекол минаата сезона Миран Суварсо, шеф на телевизиската империја на компанијата Djarum.

Денис Вајз наместо трошење огромни суми на големи ѕвезди, решил да се сврти кон играчи кои играле во Серија Д или Серија Ц. „Треба време за да се сфати колку е жестока конкуренцијата и во Серија Б. Тамо има многу добри играчи, добри екипи, но ние веруваме во идејата. Сега сме на 11-то место а на почетокот на сезоната сите не гледаа на последно место. Го почнуваме својот пат“, рекол Вајз минатата сезона.

ЗОШТО БРАЌАТА МИЛИЈАРДЕРИ ГО ИЗБРАЛЕ КОМО?

Во основа браќата Хартоно од клубот Комо сакаат да направат база за млади играчи од Индонезија. Роберт Хартоно го спонзорира проектот Garuda Select за развој и популаризација на фудбалот во Индонезија.

Претходно вакви бази за развој на млади играчи имале во Лондон но поради Брегзит тешко им било да ги носат играчите во Англија и таму да ги задржат подолго. Поради тоа го избрале Комо кој се наоѓа во најубавиот дел од Европа.

Се уште не се јасни намерите на браќата Хартоно колку се сериозни и што ќе биде понатаму но факт е дека покрај трансферот на Сеск Фабрегас, планирана е и обнова на стадионот кој сега собира 7.000 гелдачи. 

26 јули 2022 - 12:00