„Едната е големо трпение и создавање играчи и резултатите ќе бидат неизбежни ако продолжиме вака да работиме. Втората опција е ако сакаме успех, да натурализираме 2-3 квалитетни играчи. Јас сум спремен и на двете опции“.
Додека бројни земји ширум светот се мачат да ја стават под контрола растечката инфлација и порастот на цените, Швајцарија се чини мазно управува со кормилото на својата економија. За тоа говорат низа параметри според кои земјата се снаоѓа далеку подобро од сите други. Зошто?
Фабрики за оружје од Бугарија кои заради ним познати причини и 30 години по распадот на СССР се уште имаат советска машинерија повторно ги враќаат во погон своите стари фабрички ленти од кои излегува нова советска муниција за старото советското оружје што го поседува Украина.
Малку-малку па официјален Вашингтон ќе го поткачи Пекинг, чисто светот да се потсети на која релација ќе биде главната глобална теревенка. Темата не е битна, некогаш тоа се човековите права, некогаш трговски цаки, некогаш клима.... Најперверзно е кога САД ќе ја обвинат Кина за некакви воени замешателства.
Кристијано Роналдо пред извесно време и Џеси Лингард во јануари, а и други отворено ја критикуваа тренинг базата на Манчестер Јунајтед за која велат дека заостанува светлосни години зад оние на Манчестер Сити и Челси.
Откако парламентарната дебата околу клучните пензиски реформи почнаа да ја тераат на пијано, па тоа веднаш се претвори во бараж на навреди и изливи на емоции, Франција е на памет дека народните пратеници можеби треба да бидат трезни бар додека се во парламентот.
Покрај сите фалби за Брендан Фрејзер во улогата на прекумерно тешкиот професор по книжевност и критиките за „тенкото“ сценарио и наводното стереотипизирање на дебелите, некои од вредните елементи на овој филм останаа во сенка. Меѓу нив врската со еден друг реален и метафоричен кит, оној на Мелвил.
„Ова“ е воена машина за поддршка на тенкови под име Терминатор, меѓудругото опремена со 2 30-милиметарски топови. Тоа другото е некогаш здрава и исправна ѕидана куќа.
Асоцијација на расен голгетер, убиствен шпиц кој се растури од голови во Вулверхемптон, Ковентри, Лидс Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул, Селтик, Вест Хем Јунајтед, ЛА Галакси, Астон Вила. Ирецот Роби Коин денес има 42 години и живее во САД, во Лос Анџелес од каде прати едно интересно видео.
Рома кашла на патот до место кое води во Лига на шампиони и голема е веројатноста да не го искористи моментумот кога Јувентус бодовно е казнет од италијанската фудбалска федерација. Римската волчица синоќа загуби 2-1 од давеникот Кремонезе кој неодамна сензационално ги исфрли и од Купот на Италија. Жозе Мурињо доби црвен картон, трет сезонава, за расправија со судиите.
Значи нема поголеми фанатици за фудбал во Италија од Наполитанците. Двајца браќа држат слаткарница и се среќаваат со Виктор Осимен за да му подарат торта која ја крстиле по него. Остај друго, него и бизнис прават со помош на хитот во Серија А.
Израелска група на оперативци за дезинформации го изработува АИМС (Advanced Impact Media Solutions) со капацитет за симултано контролирање на илјадници Твитер, Фејсбук, Инстаграм и на што и да е друго потребно профили, за секој што е подготвен да го плати.
Полјакот Марчин Олекси заслужено беше една од најголемите ѕвезди на синоќешната манифестација The Best на која ФИФА додели неколку награди за најуспешните од минатата година.
Очекувано, Лионел Меси заслужено и без ни најмала дамка ја освои наградата најдобар фудбалер на светот за минатата година која што ја доделува ФИФА. Лео лесно и убедливо победи 30 кандидати за играч на годината, а во краткиот говор на свечената сцена во Париз на своите деца кои гледаат им порача: „Им праќам бакнеж на моите деца Тиаго, Матео и Чиро, кои гледаат сега и кои ги сакам. И одете на спиење сега, ајде“.
Една година од почетокот на војната човечките загуби што ги претрпува Украина се видливи и присутни во секој украински град или село, меѓутоа и покрај тоа Киев одбива да ја открие вистинската цена во човечки животи за спротивставување на Путин.
Војната во Украина наполни една година. Некои кругови во Москва се надеваа дека лесно ќе се прошета до Киев а кругови во Вашингтон и Брисел беа убедени дека ригорозните санкции ќе ја клекнат Москва на колена. Ни Русите извојуваа воена победа, ни Запад ги постигна своите цели на економскиот фронт.
На мечот Црвена звезда - Алба Берлин во рамки од 25. коло во Евролига кој гостите го добија со резултат 87:72, домашнот центар Филип Петрушев го имаше најдобро забивање на колото, преку 224-сантиметри високиот тешкаш Крист Куманџе. Петрушев откако доби асистенција, тргна кон обрачот и со две раце силно заби преку џинот пред себе.
ПСВ ја победи Севиља дома со 2:0 во ЛЕ, ама не оди во осминафинале поради поразот на првиот дуел од 3:0. Очигледно најфрустриран беше еден цреп кој се симна од трибина и почна да го удира голманот на гостите Марко Димитровиќ. Експресно го суредија.
Сопствениците на печатници ги нарекувале „Д сфивтс“ (брзите) поради нивната генерална физичка кондиција, но и поради прецизноста во сложувањето поединечни букви во зборови. Својата вештина можеле да ја измерат и на натпревар, кој прв пат бил одржан при крајот на 19 век во Бостон.
Исто како чешлањето коса и четкањето заби, и миењето лице изгледа како многу едноставна работа на која не ѝ се потребни упатства. Е па, не го миете лицето како што треба. И ТикТок е тој што сака да биде ин јор фејс по ова прашање.