- Иако најавија дека ќе ја чекаат владината одлука за замрзнување на цената на лебот на 33 денари дел од пекарниците уште од денеска не дистрибуираа леб до продавниците.
- – Секое утро во 7.30 часот го добиваме лебот, но утрово пекарницата не испорача леб. Се јавија само да кажат дека денеска ќе биде така, а утре не се знае – вели продавачка.
- Владата вчера ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари и ги запре субвенциите за струјата за прехранбениот сектор. Пекарската индустрија предупреди дека тоа ќе значи запирање на производството на леб.
- Утрово, за прв пат по месеци закани со бомби во училишта, првата закана дојде уште пред почетокот на првиот час.
- На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
- Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
- Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
- Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
- Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
- Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
- Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
- Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!