Чекајќи го интервјуто со Вучиќ (неговата драма и патетика ни се гилти плежр), да го чуеме разговорот меѓу два конзервативни тешкаши, Такер Карлсон и првиот човек на Унгарија, Виктор Орбан. Многу јасни позиции и ставови има Маџарот. Да го чуеме изворно па ќе чекаме рецензија од некои од оние псевдо-либералните бројлери, да дознаеме каде тоа Орбан е ужасен фашист.
Хилари Клинтон со изборен пораз ја плати цената што се полакоми по парите на Голдман Сакс, најомразената американска компанија и синоним за злото на Вол Стрит. А сега Доналд Трамп рекордно ја накрцка Белата куќа со кадри од таа компанија.
Во време кога американската демократија е нападната и од внатре и од надвор, кога институциите секојдневно се растураат, најбогатите добиваат постојани даночни олеснувања, а од Белата куќа блика фашизам, илјадници противници на Трамп одлучија да се соберат и ритуално да се дерат колку што можат погласно.
Со новата управа на Куќата, брифинзите за новинарите стануваат сè поретки, сè пократки и сè почесто без присуство на камери и аудио снимки. А за тоа колку првиот ешалон на Трамп „го заболе за медиумите“, говори реакцијата на главниот стратег на Трамп, Стив Банон, кој го дал следново објаснување: „Портпаролот ни се има здебелено“.
Во својот говор пред Обединетите нации во вторникот Трамп се закани дека „целосно ќе ја уништи“ Северна Кореа доколку САД бидат присилени да ги бранат своите сојузници. Следеше бура реакции, од кои најживописните навреди на англиски дојдоа од неочекуван извор.
Вашингтон пост објавува студија чиј заклучок е дека влијанието на руската операција на Твитер за време на претседателската трка меѓу Трамп и Хилари, било исклучително минимално.
За Канаѓанецот кој минатата недела заедно со своето семејство беше ослободен по 5-годишно заробеништво во Авганистан, една од најтешките работи да поверува додека е во заточеништво е дека Трамп е претседател на САД.
Откако го критикуваше Катар дека го поддржува муслиманскиот тероризам, следниот (принуден) потег на Трамп беше - продажба на оружје на Катар во вредност од 12 милијарди долари.
Мајкл Флин е американскиот генерал со три ѕвезди што пред неколку дена беше сменет од позицијата советник за национална безбедност на Трамп поради неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон. Според магазинот Политико, американски генерал не се слуша по своја волја со руски амбасадор.