Иако е глобално најпопуларната мета на критики, озлогласен е по самодовербата и непопустливоста. Малку им се пожали на новинарите дека секој збор му се мери. Други ќе дадат изјава и никој не го памти тоа, тој ќе даде изјава и сите очи во него.
„Да направам само една грешка и веќе не е добро. Затоа ние не можеме да си дозволиме да правиме грешки. Затоа ние не грешиме“, рече Трамп по што му даде збор на својот соговорник велејќи му:
„Ајде Кен“.
А тој се претстави:
„Јас сум Чак Кентербери...“