Замената е откако Џонсон ја одбил поканата да учествува во дебата околу климатската катастрофа што се случува, а како што може да се очекува од скулптура сместена под телевизиски рефлектори, за време на целата дебата таа топеше.
Армагедонот е на повидок. Борис Џонсон е тргнат кон бр. 10 и нема ништо неискрено, нерепутабилно па дури ни доволно скандалозно што тој може да направи што би ја спречило неговата партија да го избере. Тие ги знаат сите негови лаги, мрза и нарцизам, и пак не им е гајле.
На 23 јуни 2016 Скај њуз го започнува своето покривање на резултаите од гласањето во 22:00 точно во моментот на затворањето на гласачките места за референдумот за брегзит. Во првата минута ја објавуваат изјавата на Најџел Фараж, кој на изненадување на сите веднаш признава дека противничката кампања за останување во ЕУ најверојатно победила. Неколку минути подоцна идентично предвидување дава и првиот човек на угледниот ЈуГов. Како што се емитуваат изјавите така почнува да расте и вредноста на фунтата.
Уште е рано ама и сега изгледа дека за идните историчари 2016 ќе биде почеток на нов циклус во меѓународната историја. Лошата вест е што овие циклуси во просек знаат да траат по 30 години.
Моменталното расположение во делот од Британија што уште не може да го прежали брегзит е дека само човек треба да дозволи втор референдум и Британија останува во ЕУ. Ова не е многу различно од позицијата од која тргна Дејвид Камерон кога реши да им направи мерак на луѓето од својата партија и да организира референдум за напуштање на Унијата.
Во некој погоден дел кон крајот на летото, истрагата за исламофобијата на Борис Џонсон тивко ќе приврши со изјава како тоа неговите пишувања се неразумни и невкусни, меѓутоа дека и покрај тоа тој нема да биде избркан од партијата. Во тој момент, Борис ќе може да ја официјализира својата амбиција за главната позиција на бр. 10.
Претседателот на кампањата која одвои милиони Британци од ЕУ, Најџел Лосон, реши дека е крајно време да поднесе документи за добивање неограничен престој во ЕУ.
Тони Блер и неговиот Институт за глобални промени решија со онлајн анкета да покажат колку многу луѓе го поддржуваат нивниот став за останување на Велика Британија во ЕУ. Што сум прашуел глупости.
Зборувајќи во Стразбур, Доналд Туск и порача на Британија дека брегзит се уште може да биде прекинат доколку британскиот народ го сменил расположението.
Само против Обединетото Кралство, Брисел има поднесено речиси 50 судски тужби за прекршување разно-разни правила на ЕУ, од увоз на лук па до детски играчки. Градоначалникот на Лондон вели дека не гледа причина да се останува во Унијата.
Најџел Фараж е најгласниот британски противник на евробирократијата (го имаме овде). Најголем негов кошмар е годинешното дигање на бариерите по што очекува нова река Бугари и Романци дополнително да ја влошат состојбата во неговата земја. Знаејќи ги неговите политички стравови, новинар на англискиот Мирор му предлага: А да те носам во Бугарија? И Фараж прифаќа. Еве ја репортажата.
Во Европскиот Парламент во Стразбур, пратеникот Најџел Фараж (Британска независна партија), ги прави пуздер Ван Ромпуј, Баросо и останатите евробирократи. Што побогу се замислувате дека сте вие?