Не е толку познат како Стиви Вондер, Реј Чарлс или Бочели. А неговата успешна приказна покажува колку е сепак тешко за слепите и слабовидни лица да дојдат до ресурси потребни за изведување класична музика.
„Планети“ опус 32 е оркестарско дело во седум става од англискиот композитор Густав Холст. Секој од нив е наречен според планета во сончевиот систем и нејзиниот астролошки „карактер“, опишан од страна на авторот. Дали и денес тие се само метафори, или науката ги потврдила неговите толкувања?
Во времињата во кои живееле не било вообичаено жените да си го „губат“ времето професионално занимавајќи се со музика. Но времињата се смениле, а токму тие го отвориле патот за таквата промена.
Можеби сте од оние кои веќе ја сакаат, ја слушаат или самите ја изведуваат. Но можеби пак сте од оние кои секогаш ја сметале за (пре)сериозна, тешка и здодевна. Дозволете да ве предомислиме.
Та-та-та-ТАМ! Една од најпознатите нотни низи во историјата на музиката, која вообичаено се толкува како звук на судбината. Но колку е оваа асоцијација навистина на композиторот?
Антоан Риша (еден од можните изговори на неговото име) до сега се среќаваше само во фусноти на книги поврзани со Бетовен. Двајцата се здружиле како тинејџери кога свиреле во ист оркестар во Бон: Риша втора флејта, Бетовен виола. Но сега еден пијанист ја оживува неговата музика, која до сега не го добила заслуженото признание.
Обраќањето на диригент пред концерт не е нешто необично. Но диригент да се огради од изведбата, пред да биде исвирена една единствена нота е незамисливо. Па сепак, тоа се случило, во Карнеги Хол, во 1962.
Списокот на оние на кои таа им има предавано изгледа како енциклопедија на највлијателните музичари на 20 век. Била и прва жена-диригент на најголемите симфониски оркестри во Европа и САД.