Пред секое големо натпреварување, дали Светско првенство дали Олимписки игри, главно прашање за кошаркарскиот турнир е во кој состав ќе дојде главниот фаворит. Дрим тимот.
Лидерот на Денвер е меѓу подобро платените кошаркари во лигата, но ако се земат предвид даноците кои ги дава кон државата и градот и бонуси за агентите, тогаш сумата му е речиси преполовена.
Крилото на Бостон Слетикс, Џејсон Тејтум одигра спектакуларна партија и со 51 постигнат поен на мечот со Филаделфија влезе на вечната листа најдобри поентери во НБА плејофот.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс едвај се дофатија до плејофот и кога сите ги отпишуваа предвреме, тие ја кренаа формата и бележат сјајни резултати. Синоќа по трет пат во само неколку дена го совладаа актуелниот првак Голден Стејт Вориорс со 104:101 на свој паркет и сега водат со убедливи 3-1.
Ноќеска на Клиперси им фукна 50 поени, а рекордот му е 62 против Портланд пред две години. Дефинитивно еден од најјаките шутери во историјата на НБА, ако не и најјак. Не е нормален.
НБА донесе одличен викенд со неколку сјајни дуели. На дуелот Портланд Трејл Блејзерс - Хјустон Рокетс кој домаќинот го доби убедлвио 131:114, Демијан Лилард направи вистинско шоу со 71 поен, 6 скока и 6 асистенции.
Прв пораз на тимот на Леброн Џејмс после пет Ол стар изданија. Испишана е нова историја благодарение на бекот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, кој мечот го заврши со 55 поени, најмногу до сега во историјата на Ол стар средбите.
Големите суперѕвезди Кевин Дурант и Расел Вестбрук пред истекот на прозорот кој овозможуваше промена на средината, потпишаа договори со нови клубови во НБА.
Супер интересен дуел одиграа синоќа Голден Стејт Вориорс и Мемфис Гризлис. Во еден момент во финишот од мечот судијата го исфрли Стеф Кари од игра поради тоа што во нервоза поради промашен чист кош на неговиот соиграч Џордан Пул силно ја фрли заштитната протеза на паркет. Потоа на 2,6 секунди до крајот при резултат 120:120, Џордан Пул дава кош за победа 122:120 и го зафркава Кари во подтрибинскиот простор.
Во супер дербито на вечерта Бостон Селтикс со 121-118 го совлада Голден Стејт Вориорс. Стеф Кари постигна 29 поени со 7 асистенции и 4 скока, а момент на мечот беше последната секунда од првиот дел кога погоди неверојатен шут од преку пола терен.
24 часа по дебаклот од 30 поени разлика, „Јастребите“ им се реваншираа на Бакси и стигнаа до 22-та победа. Еден триумф повеќе од нив во Источната конференција имаат кошаркарите на Торонто Рапторс кои славеа над Клиперси.
Смеењето и онака е преценета работа а семето на не-хуморот кое своевремено го посеа нашиот драг Стеф (тука и тука и тука), наидува на плодна почва. "Глупи муабети" е парчето на новиот талент Марјан Ангеловски чија главна особина е својот стенд ап да го прави седнат. Се препорачува клипот и да го гледате седнати, не би ли не дошло до немила сцена да се превртите од смеење.