Лилард го израмни овосезонскиот подвиг на Донован Мичел кој во дресот на Кливленд Кавалирс на 2 јануари годинава уфрли 71 поен. Лидерот на Портланд Трејл Блејзерс стана осми играч со најмногу постигнати поени во историјата на НБА.
Демијан Лилард постигна дури 13 тројки и му фалеше само една за да го израмни рекордот на Клеј Томпсон од Голден Стејт Вориорс поставен во 2018-та година.
13 тројки на еден натпревар има постигнато и Стеф Кари во 2016-та и Зак Лавин во дресот на Чикаго Булс во 2019-та.
Ова е и нов клупски рекорд за франшизата Портланд Трејл Блејзерс. Лилард излезе од игра на 44 секунди пред крајот на мечот а полната арена му скандирала: „МВП! МВП!“.
71 PTS, 13 3PM, 6 REB, 6 AST...
— NBA (@NBA) February 27, 2023
Damian Lillard, everyone 👏 pic.twitter.com/3bHwHXEonI
With his 71-PT performance tonight, Damian Lillard now has the third-most 60+ PT games in NBA history with 5.
— NBA.com/Stats (@nbastats) February 27, 2023
1. Wilt Chamberlain (32 games)
2. Kobe Bryant (6 games)
3. Damian Lillard (5 games) pic.twitter.com/5TGlHpjfVa
LEGENDARY. #RipCity pic.twitter.com/BaYNtlqSMK
— Portland Trail Blazers (@trailblazers) February 27, 2023
Во првиот дел Лилард уфрлил 41 поен (8 тројки), и тоа е сезонава најголем број постигнати поени од еден кошаркар во НБА.