Во натпревар полн со пресврти, Стеф Кари и другарите во третиот период имаа дури и +12, но во последната четвртина ЛА Лејкерс со подобра игра стигна до заслужена победа. Најзаслужен за триумфот неочекувано беше резервистот Лони Вокер со дури 15 поени во клучниот период.
При резултат 102:101, Стеф Кари на крајот промаши два шута, а Вокер погоди на 15 секунди до крајот. Вориорс имаа последен напад за продолжение но Кари ја загуби топката, нешто што му се случуваше неколку пати во плејофот сезонава.
Иако запиша трипл-дабл на крајот од средбата, Кари промаши дури 11 обиди за три поени.
Сега ЛА Лејкерс водат со 3-1 а Голден Стејт е на праг на елиминација. Кај победникот најефикасен беше Леброн Џејмс со 27 поени а Ентони Дејвис одигра уште еден фантастичен дуел и оствари 23 поени и 15 скока. Голема поддршка имаа и од Остин Ривс кој додаде 21 поен и имаше голем удел во победата.
"It's the Lonnie Walker game!"
— NBA (@NBA) May 9, 2023
Heroic 4Q by Walker IV in a CRITICAL Game 4.
GET TO TNT FOR THE FINAL MINUTE. pic.twitter.com/QpKP6tU98L
Кај „воините“ капитенот Кари запиша трипл-дабл 31 поен со 14 асистенции и 10 скока. Ендрју Вигинс додаде 17 поени а Гери Пејтон 15.
Сега серијата се сели во Сан Франциско каде Лејкерс ќе се обиде да обезбеди пласман во полуфинале каде ќе ги чека подобриот од дуелот Нагетс - Санс.
МАЈАМИ ПРЕСИЛЕН ЗА НИКС
Во вториот натпревар синоќа, Мајами Хит стигна до 3-1 против Њујорк Никс откако славеше 109:101 и сега се на еден триумф од ново конференциско финале на Истокот.
Мајами дури како осмопласиран тргна во доигрувањето за плејофот а од тогаш до сега играат во феноменална форма.
Џими Батлер одново беше сјаен со 27 поени и 10 асистенции а Бем Адебајо уфрли 23 поени и 13 скока. Покрај нив голем удел во славјето имаа и Струс со 16 и Лаури со 15 поени.
This angle of Jimmy's block 🤯 pic.twitter.com/nIUhAOzetp
— Miami HEAT (@MiamiHEAT) May 9, 2023
Кај Никси одличниот Брансон постигна 32 поени, Берет 24 а Џулиус Рендл 20. Останатите од тимот едвај стигнаа дури до заеднички вкупно 15 поени и тука лежи причината за загубениот меч.