Само неколку дена по судискиот гаф во Серија А кој го обиколи светот и доведе некои федерации да забрзаат со воведување на полуавтоматски офсајд, сериозна грешка падна и во Лига на шампиони.
Парма го купува Верон за 15 милиони фунти, Милан инвестира во Бироф за да игра во тандем со Веа и дава 19 гола од кои 14 со глава, а Симоне Инѕаги завршува како подобар стрелец од брат му Пипо и од Роналдо. Какви носталгични времиња.
Од недела во недела нашиот најдобар фудбалер на сите времиња поставува нови достигнувања, рекорди и подвизи. На 37 години во една од трите најсилни лиги на светот.
Англискиот бек одигра одлична сезона за Атлетико Мадрид, настапи на 19 натпревари и стана стандарден репрезентативец на Англија. Ама го стигна делото кое го направил претходно.
Само четири клубови во светот во последниве 10 сезони заработиле повеќе пари од трансфери од Мадриѓаните. Со аргентинскиот стратег најпрофитабилно лето клубот имал лани во кое од играчи инкасирал 312,5 милиони евра.
Човекот по природа е навикнат да им се диви на победниците, но понекогаш историјата на вечните губитници знае да биде интересна и не заслужува помало внимание.
Два гола против Рома, три против Лацио, четири против Јуве. Кој би рекол дека еден ваков Милан кој веќе неколку години од далеку ги гледа местата за пласман во ЛШ, може да приреди ваква серија, особено ваков дрзок пресврт против владетелот на титулата од 2012-та.
Нетфликс и другите титани на филмската продукција сериозно би можеле да подразмислат да снимат документарец или игран филм за животот и делото на Анхел Кореа, Аргентинецот од Атлетико Мадрид.
Уште од голот на Гросо 2006 во Дортмунд Италија не била обединета како синоќа. Камбекот на Јуве против Атлетико го славеа и честитаа и оние од Рим и од Неапол и од Калабрија. А сè благодарение на човекот кој изнесе најголем товар на грб и ја сработи својата работа.
Каква само конкуренција на голгетери беше тоа кога еден Баџо, Роналдо и Батистута не можеа да фатат прво место на листата на стрелци. Сè име до име, а на крај победник кој веројатно ќе ве изненади, ама тоа е кога беше неприкосновен со глава. Рекордот на најмногу постигнати голови во една сезона во италијанско го држи Гонзало Игуаин, кој збрца 36 комада за Наполи во сезоната 2015/2016. Нов предизвик за Кристијано Роналдо.
Се сеќавате ли на седумте сестри? Или популарните „le sette sorelle“ на италијански? Не зборуваме за жени, туку за Јувентус, Милан, Интер, Лацио, Рома, Парма и Фиорентина. Екипи со кои мечевите во 90-те беа мелем на душа во италијанското првенство.
Во 1992. година, Атлетико изгласа тешка одлука за затворање на фудбалската академија за која сметаа дека е фрлање пари. Отворена е неколку години подоцна и од тогаш е една од најдобрите академии во Европа која непрестано произведува таленти.