Врвни светски интелектуалци и креативци предупредија дека цензурата ја уништува слободата, замолчува легитимни мислења и ја поткопува демократијата која бара дебата и соочување на различните мислења. Секогаш го имало тоа, само што сега размерите се стравични, благодарејќи на моќните технолошки алатки и „експертите за дезинформации“ кои го чуваат просторот од непожелни мислења.
Технологијата има потенцијал да создава позитивни промени и преку иновации да го олесни и подобри животот на луѓето и општеството. Согледувајќи ја позитивната страна на дигиталниот напредок, водечката македонска едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster), преку своите напредни образовни програми и работата на реални проекти, дава значаен придонес за заедницата.
Ербиенби почна одлично, имаше пристапни цени за цели станови во некои од најпосетените градови во Европа и светот и на крај успеа да претера и да нуди стан што треба сам да го исчистиш, тродупло поскап од хотелска соба. Среќа па, не е само Ербиенби.
Во поранешна Југославија, дури и децении после војната, беа доволни двајца сведоци дека некој се борел против окупаторот за тој да ги добие бенефициите што му следуваат од статусот борец. Исто, ама обратно, е денес во Холивуд. Со сведоци се губат сите бенефиции и статуси што човек ги има изработено. Њујорк тајмс за СиКеј нашол пет. Една од нив: разговарале по телефон и таа слушнала (?!) како тој, на другата страна на муабетот - мастурбира. Амејзинг.
Вуди Ален рече „не смееме да дозволиме ова да се претвори во лов на вештерки”, а светот воодушевено и едвај дочекано му рече „ти да ќутиш”. А сепак, после Харви Вајнстин, ловот на вештерки е во полн ек, Кевин Спејси моментално го јаде за недокажано заведување на малолетник, а Оливер Стоун го закачаат што некогаш ѝ пратил цвеќиња на Патриша Аркет.
Додека медиумите го влечкаат Харви Вајнстин по земја, се јавува Карла Бруни, со една фина вест дека во модниот свет девојките не страдаат од непријатни средби од ваков вид.
На Патриша Аркет одеднаш ѝ текна дека на времето филмскиот режисер Оливер Стон ѝ пратил букет ружи. Што ѝ било чудно. А другпат пак, ја прашал, „што вака со дечко?“ И ете ти sexual harassment.
И двата сексуално малтретирале колешки. Првиот конзервативец, вториот либерал. На првиот ток-шоу домаќините душата му ја извадија За вториот - штама. Освен Џон Оливер (подоцна и Колбер). Двајцата излезени од работилницата на Џон Стјуарт.
Како што Џон Оливер ќе каже по 15-минутно верглање: можам цела вечер да останам тука и точка по точка да ги отфрлам сите можни заговорнички теории и пак ќе има луѓе што ќе мислат дека ова е заговор.
Во 24-минутниот сегмент посветен на индустријата за производство на јаглен и плановите на Трамп поврзани со истата, Џон Оливер дигна на клоци се што најде пред себе, те претседателот, те индустријата, те гигантите за ископување јаглен. Една од овие компании инстантно одлучи да го тужи ХБО, затоа што според нив не е баш сè како што збори Џон Оливер.
За време на интервјуата со Оливер Стоун за 4-часовниот документарец, 64-годишниот руски претседател меѓу другото објаснува дека вежба 7 дена во неделата.