Најновиот тренд за чизми, со Сара Џесика Паркер

Фала богу светкави обувки влегоа во мејнстрим, сега не мора попреку да ве гледаат.

Во „Сексот и градот“, Кери Бредшо беше лик со безусловна љубов кон модата. Повеќе од 20 години, фасцинираше и инспирираше фанови ширум светот, до толку да денес ни е комплетно нормално во „Емили во Париз“ да се шетаат како глупи август и никој да не мрчи премногу околу тоа. Формулата е да мешаш винтиџ парчиња со дизајнерски и зад ова стои Патриша Филд, костимографката што работеше и на серијата и на филмовите, а сега и баш на „Емили во Париз“.

Сара Џесика Паркер ја фотографираа на снимање во Њујорк покрај Џон Корбет (Ејдан), во долг, син фустан-кошула, вреќасти тренерки, преголем капут и - едни чизми. Брендот е нејзиниот, СЏП и светкаат, во (успешен) обид гламурот од црвените теписи да се пренесе на обично идење на кафе.

И не е само СЏП - светки се прошетаа и на Модната недела, кај Лудовик де Сан Сернан, Ами и Фенди:

Ако ви се купува, Живанши и Сан Лоран имаат баш фини, со баш фини цени.

Посовршените, на Живанши, (лево) се 6000 евра.

Поглупите, а сепак добри, (десно) на Сан Лоран, поевтини - 2500 евра.

Ве поздрави Сер Оливер.

11 април 2023 - 00:00