1. Труман Капоте сакал Мерилин Монро да ја игра Холи Голајтли
Мерилин не прифатила затоа што нејзината советничка и учителка по глума ѝ рекла дека не е паметно да глуми девојка со сомнителен морал. Капоте бил многу разочаран што студиото се одлучило се Хепберн и дури има изјавено дека „Парамаунт го излажале за сите пари кога ја викнале Одри.“
2. Фустанот на Хепберн е дизајниран специјално за неа
Живанши го креира фустанот за Одри во 1961-ва, и после нејзината смрт во 1993-та го донира во добротворни цели. Во 2006-та се продаде на аукција за повеќе од 900.000 долари.
3. Хепберн не била воодушевена од пецивото од еден од најважните кадри
Според еден запис во Њујорк Тајмс од 1960-та, повеќе сакала сладолед.
4. Станот на Холи Голајтли се продаваше во 2011-та
Ентериерот е наводно снимен во студио, но познатата фасада е вистинска. Станот е лоциран на неколку чекори од дуќанот на Tiffany's и има три спални и солариум. Се продаваше за 5.85 милиони долари.
5. Се продаваат и наочарите за сонце
Луѓето имаа погрешно сфатено дека се работи за Реј-бан, но всушност се на Оливер Голдсмит. Во 2011-та, на 50-годишнината на филмот ги пуштија во продажба и може да ги носите за 440 долари.
6. Пол требало да го игра Стив Меквин
Режисерот Блејк Едвардс сакал Стив Меквин да и биде партнер на Одри Хепберн, но бил зафатен со серијата „Wanted: Dead or Alive“ и не можел да прифати, па прифатил Џорџ Пепард.
7. И Фред Флинтстон глуми
Алан Рид кој го глумеше Сали Томато е всушност актерот кој го позајмува гласот на Фред Флинтстон.
8. Изведбата на Мики Руни за Г-н Јуниоши денес е проблем
Јапонецот Г-н Јуниоши налета на сериозно јавно незадоволство во годините што следуваа. Во 2008-ма, во Сакраменто се прекина прикажувањето на филмот поради протести за навредливиот начин на кој Руни го игра ликот. „Ме викнаа за ова и се забавувавме додека го правевме,“ изјави Руни тогаш. „За 40 години, никој никогаш не се пожали. Каде и да отидев луѓето викаа, Боже колку беше смешен.“
9. Од Парамаунт сакале да ја извадат „Moon River“ од саундтракот
Кога рекле дека не треба да ја има песната компонирана од Хенри Мансини, а напишана од Џон Мерсер, Хепберн рекла „Само преку мене мртва“. И после освои Оскар за Најдобра оригинална песна.
10. Во „Појадок кај Тифани“, Тифани прв пат се користи како филмска локација
Од продавницата за накит биле „благодарни за убавите зборови и бесплатниот публицитет.“ За време на снимањето, морале да најмат 40 чувари и продавачи за да го заштитат накитот внатре. Иако, како што вели и Холи, „ништо лошо не може да ти се случи таму.“