Одри Хепберн и како тинејџерка се обидувала да го поддржи Отпорот. Настапувала со балет пред публика која се плашела да аплаудира, ризикувајќи да ги фатат нацисти. Ги донирала парите што ги заработувала од рецитали на oтпорот. Како многу други деца во Холандија, повремено работела како курир, испорачувајќи документи и пари од една група на отпорот до друга. Овие работи ги работеле деца затоа што нацистите најчесто не ги претресувале. Тимот за односи со јавност на Хепберн често ја истакнувал нејзината храброст за време на војната, но паралелно напорно работел да сокрие дека нејзините среќно навивале за Хитлер.
Таткото на Одри, Џозеф, кој ја напуштил кога била мала, и мајка и Ела биле членови на Британскиот сојуз на фашисти. Во 1935-та, се шетале низ Германија со други членови на организацијата, дури и со озлогласените сестри Митфорд, британски аристократки кои беа затворени заради нивните симпатии кон нацистите. Откако се развеле, Ела се вратила во Германија да присуствува на собирите во Нирнберг и напишала многу ентузијастично сведоштво за тоа искуство во фашистичкото списание The Blackshirt. Џозеф бил под истрага во Британија за примање пари од Германците за да основа весник, со врски кај Геблс. Бил затворен како непријател на државата додека траела војната.
За време на 1950-тите, ќе беше катастрофално за Хепберн и нејзиниот совршен имиџ да се дознае дека нејзините родители си сакале нацисти. Но, сепак, од денешна гледна точка, фактот што таа ја отфрлила расистичката идеологија на нејзините родители, само и заработува повеќе почит.