Кај нас со право одамна е одомаќинето мислењето дека „Германецот не остава ништо на случајот“ и дека „кај нив нема трте-мрте и сè е црно на бело“. Во секоја област, па и во фудбалот.
Во претходните десетина години на секој гол на Кристијано Роналдо за Португалија, коментаторите изговараа: „Со овој гол Роналдо му се приближи на вечниот Али Даеи на 21, 20, 19 гола... итн“. А Иранецот е права легенда.
За тоа како Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге го кренале Баерн Минхен на највисоко ниво и го направија најуреден клуб на светот треба да се напише книга. Со домаќинско работење до полна каса и полн музеј трофеи.
Пред неколку недели се појави вест дека Ханси Флик ќе стане селектор на Германија наместо Јоги Лев, па Баерн тргна во потрага по негов наследник. И за брзо време најде.
Нема да погрешиме ако кажеме дека Германците ја имаат можеби најфудбалската култура во Европа. Од неодамна ги прешишаа и Англичаните во посетеност а секој викенд прават работи за кои останатите земји од континентот може само да им завидуваат.
Контроверзното судење во корист на домаќинот Јужна Кореја, а на штета на Италија и лошата фризура на Роналдо се она за што на големо се дискутираше на СП 2002, ама има работи во позадина кои тешко се дознаваат, а ги раскажува една голманска легенда со 62 гола во кариерата.
Еднаш јавноста дознала детали од внатрешната кујна за тактиката, Јоаким Лев бил бесен но „кртицата“ не можеле да ја најдат. Им дозволува да се напијат пиво или вино пред спиење и после натпреварите.
Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.