За тренер никогаш не е платено толку - Баерн реши да даде 25 милиони за Нагелсман

Пред неколку недели се појави вест дека Ханси Флик ќе стане селектор на Германија наместо Јоги Лев, па Баерн тргна во потрага по негов наследник. И за брзо време најде.

Германскиот гигант и европски шампион Баерн Минхен од следната сезона ќе го води тренерот Јулиан Нагелсман.

„Не криев дека ме привлекува позицијата главен тренер на Баерн и ја сакав таа работа ако се појави можност. Затоа сакам да му се заблагодарам на Оливер Минцлаф и на останатите раководни лица во Лајпциг за тоа што се договорија со Баерн и го направија тоа возможно за мене“, изјави Нагелсман кој за неколку недели ќе седне на клупата на Баерн.

Нагелсман веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите млади тренери во Европа.

На 33 години Баерн Минхен го водел само Данецот Сорен Лерби од октомври 1991 до март 1992 година и тоа само на 17 меча (5 победи, 5 нерешени, 7 порази).

Што е уште пофасцинантно, како што пренесува новинарот на Bild, Кристијан Фалк, Лајпциг како компензација (обештетување) за тренерот, ќе добие 25 милиони евра (со разни бонуси).

Ова е најскапиот трансфер на тренер од еден во друг клуб (практично новиот клуб плаќа раскин на договорот на штета на тренерот), но не е прв случај.

Нагелсман е трет тренер само во 2021 за кого некој клуб плаќа обештетување. Уште во 2008-ма година Манчестер Сити на Блекбурн му плати компензација за Марк Хјуз.

 

КОИ СЕ НАЈСКАПИ ТРАНСФЕРИ НА ТРЕНЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА:

1. Јулијан Нагелсман од Лајпциг во Баерн во 2021: 25 милиони евра

2. Жозе Мурињо од Интер во Реал Мадрид во 2010: 16 милиони евра

3. Андре Виљаш-Боаш од Порто во Челси во 2011: 15 милиони евра

4. Брендан Роџерс од Селтик во Лестер во 2019: 10,44 милиони евра

5. Рубен Аморим од Брага во Спортинг во 2020: 10 милиони евра

6. Ади Хитер од Ајнтрахт Франкфурт во Борусија Менхенгладбах во 2021: 7,5 милиони евра

7. Брендан Роџерс од Свонси во Ливерпул во 2012: 6,2 милиони евра

8. Марк Хјуз од Блекбурн во Манчестер Сити во 2008: 6,2 милиони евра

9. Роналд Куман од Саутемптон во Евертон во 2015: 6 милиони евра

10. Маурицио Сари од Челси во Јувентус во 2019: 5,55 милиони евра

11. Марко Розе од Борусија Менхенглабах во Борусија Дортмунд во 2021: 5 милиони евра

12. Петер Бос од Ајакс во Борусија Дортмунд во 2017: 5 милиони евра

13. Јулијан Нагелсман од Хофенхајм во Лајпциг во 2019: 5 милиони евра.

Најдобриот млад германски тренер Јулијан Нагелсман не оди првпат во друг клуб со платено обештетување за него. Пред 2 години Ред Бул Лајпциг за него на Хофенхајм му плати 5 милиони евра и за само 2 години на Нагелсман заработува чисти 20 милиони евра. 

Неодамна Борусија Дортмунд плати 5 милиони евра за финалистот на Лига Европа со Ајакс, Питер Бос кој имаше фантастичен старт со 5 меча без примен гол по ред, освои 19 бода на 7 меча со гол разлика 21:2. Но проблеми почнаа по октомвриски репрезентативен собир таа година. После тоа Дортмунд падна на 8. место и Бос во декември доби отказ.

Борусија Дортмунд сега одново платија 5 милиони евра за нов, признаен тренер. Од јуни ќе ги води Марко Розе, врвниот стратег кој имаше супер учинок како тренер на Борусија Менхенгладбах но откако се објави дека оди во Дортмунд, Гладбах забележа дури 7 порази по ред!

Некои германски коментатори сметаат дека и Баерн не жали пари за да го ослаби главниот конкурент во последниве пар години, РБ Лајпциг.

Необичен беше и случајот со Маурицио Сари со кого Челси сакаше што поскоро да се раздели па како „кец на десет“ им дојде понуда од Јувентус вредна 5,55 милиони евра за Италијанецот.

Во Серија А Сари некако успеа да ја освои титулата но во Лига на шампиони испадна од Лион во 1/8 финале и тоа беше капак да добие отказ.

27 април 2021 - 16:09