Тој што го гледал Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја пред 16 години, не може а да не се сеќава на Хозе Луис Чилаверт. Легендата на Парагвај кој бранеше на два Мундијали (1998 и 2002) и кој постигна 45 гола од пенал, 15 од слободен удар и 2 од акција.
Беше три пати прогласен за најдобар голман во светот од страна на Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика исто колку Ѕенга, Кан и Ноер.
Германците не биле баш цвеќе за мирисање, барем не според оваа непријатна случка која ја раскажува тој. Чилаверт еднаш доби едногодишна затворска казна бидејќи истепа физиотерапевт, така што добро што ова завршило само со усна опомена.
„Во пресрет на осминафиналето меѓу Германија и Парагвај во хотелот каде што престојувавме се појави претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге кој сакаше да се сретне со Роке Санта Круз. Тогаш Роке имаше 21 година, беше член на Баерн и имаше договор со клубот на само една година. Румениге сакаше да зборува за обновување на договорот баш пред мечот Германија - Парагвај. Малку чудно нели?Освен играч, јас бев и капитен и лидер на Парагвај и морав да внимавам и на работите кои се случуваа надвор од терен. Им се доближив на луѓето од Баерн и на шпански им реков: Не ме боли курот што си ти претседател на Баерн, оди си. Иако не зборуваше шпански, мислам дека ме разбра што му кажав по начинот на кој му се обратив.И тоа пазете го ова. Санта Круз на тој мечот се повреди по само половина час игра и го напушти теренот, а по неколку дена играше одбојка на плажа. Го тргнав на страна и му реков: Не сакам да мислам лошо за тебе, но еден ден ако станам тренер или претседател на Парагвај, ќе мора да расчистиме некои работи, биди сигурен во тоа.
Јасно беше дека требаше Германија да помине понатаму. Судијата беше од Гватемала, на Германија и судеше прекршоци од работ на шеснаесетникот, а на нас не. Во еден момент му реков:Латиноамериканец си, што ти е? Тие се Германци, зошто ги фаворизираш? А тој не ми одговори ништо. Светското првенство е голема фудбалска забава и убаво е да се учествува, но има и темна страна“.
Германија славеше против Парагвај со голот на Оливер Нојвил во 88 минута.