Норвешка е за нас, само кој да ги убеди

Новешка е најотпорна држава на пореметувања, било да се политички, економски, природни катастрофи или слично. Ние? Сексуално фантазираме за ЕУ додека сме во тројка со Кенија и Еквадор.

Норвешка е најотпорната земја на светот во 2019 година во однос на секакви пореметувања, покажува извештај на една глобална осигурителна компанија.

Тие рангираат 130 држави и територии во светот според нивниот имунитет во поглед на настани кои го пореметуваат воспоставениот поредок и начин на живот. Тоа го прават преку индикатори за продуктивност, политичка стабилност, контрола на корупцијата и начинот на управување, и во корпорациите и во државниот апарат.

После победникот следуваат Данска, Швајцарија, Германија, Финска, Шведска, Луксембург, Австрија и централните САД, кои поради големината и различниот квалитет, во сондажата биле поделени на региони.

Најголемо пријатно изненадување во светски рамки е Руанда која за само една година се искачи за 35 места и сега е 72-ра. За нејзиниот случај, препорачуваме да го погледнете видео прилогот во статијата Време е да се апдејтираме за Руанда“.

Ние сме на стотка, убедливо полоши од цел поблизок и подалечен комшилук. На пример, Бугарија 45-та, Босна 70-та, Хрватска 37-ма, Србија 63-та, Грција 56-та....

Ние сме во сендвич меѓу Кенија (99) и Еквадор (101), што не ни пречи да се залажуваме дека ЕУ треба да нè награди зашто сме си го смениле името.

* извештајот е тука

 

18 јули 2019 - 10:06