Дански пензиски фонд купи цела улица во Берлин

Тоа што е пензиски фонд не значи дека по должина на цела улица ќе градат дом за старци, ама тоа што е фонд сепак значи дека ќе градат или ќе преградуваат нешто.

Станува збор за Тиманштрасе, во берлинската населба Нојкелн, на која данскиот пензискиот фонд ПФА летово купи околу 140 станови. Зделката е направена со Индустриа Вонен од Франкфурт и изнесува околу 1,2 милијарди евра.

Локалците кои моментално живеат во тие станови, пред само 1 месец дознаа за продажбата, и сега се кренати на бунт заради стравот дека фондот ќе сака да ги врати парите од инвестицијата со покачување на киријата или дека нивните домови ќе бидат преадаптирани во луксузни станови како дел од растечката заинтересираност на се побогати луѓе за областа.

72-годишна жена која речиси 10 години живее во еден од становите купени од ПФА објаснува дека плаќа кирија од околу 550 евра за 50 метри квадратни, и се заканува „ако поскапе киријата, ќе се обесам“.

Тиманштрасе се наоѓа во заштитена област која забранува претворање на станови под кирија во станови во лична сопственост, но наспроти тоа е новиот тренд што властите го практикуваат последниов период на се повеќе дозволи за конверзија на кираџиски станови.

10 декември 2018 - 10:46