Ким Јонг Ун се понуди да биде домаќин на мировните преговори меѓу САД и Канада

Зборувајќи со новинарите во неговиот хотел во Сингапур, севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун изјави дека зголемените тензии меѓу северноамериканските соседи претставуваат „неподнослива закана за светскиот мир.“

Освен што се понуди да биде домаќин на преговорите меѓу САД и Канада во Пјонгјанг, Ким повика на итно создавање на демилитаризирана зона на границата што ги двои двете спротивставени нации.

„Во замена за тоа што канадската коњица ќе се согласи да се повлече од својата страна на границата, САД, за возврат, ќе се откаже од своето нуклеарно оружје,“ изјавил Ким.

Иако порача дека „Северна Кореја е подготвена и волна да биде искрен посредник“ во мировните преговори меѓу двете држави, тој го поттикна Трамп да ја смири „распалувачката реторика“ насочена кон Канаѓаните во текот на викендот.

„Насилниот јазик и закани немаат место во меѓународната дипломатија,“ изјави Ким.

Енди Боровиц,
автор на Боровиц репорт
сатирична колумна во Њујорк тајмс    

12 јуни 2018 - 09:51