Џони Ротен мава по музичари

Кога на фронтменот на Секс Пистолс ќе му се каже „Ако немаш што добро да кажеш за некого, не кажувај ништо“, нему му се слуша „Сè се тоа говна и кажи им дека се говна.“ Сака Џон Лидон/Џони Ротен да го пушти јазикот на секакви теми а една од омилените му се колегите музичари. 

За Блек Сабат

На Лидон му се допаѓаше песната Параноид но тој никогаш не беше обожавател на бендот, особено на Ози Озборн. Сметаше дека театралноста на фронтменот е навреда за работничката класа.

„Гласините за одгризување глави стварно не ме импресионираа. Ози, кој се однесува како сенилен деликвент, е подеднакво неимпресивен. Како и јас, Ози е човек од работничката класа и со своето однесување имплицира дека сите ние од работничката класа сме глупави“.

За Кис

Ги смета за фејк производ.

„Има многу артисти кои ви продаваат лажна слика, намерно лажна и намерно комерцијална. Ги запознав дечките од Кис. Ок се, но без шминката, нема таму нешто многу“.

За Иглс и Стинг

Досадни. Никогаш не сфатил зошто се привлечни. Дон Хенли бил крив  за „досадната сериозност на Иглс.

„Ете ви човек без хумор. Исто како Стинг, забега и се сфати премногу сериозно. „Јас сум интелектуалец, искрен, ве молам верувајте ми. Погледнете колку небричен можам да бидам“. 

За Џо Страмер од Клеш

Фејк.

„Зборуваа за класна војна а Џо Страмер живееше во вила. Не. Заеби ти тоа. Се преправаше дека се вози по автобуси, во кожна јакна со нитни. Ништо лично, ми се допаѓаше Џо, но не можеш да бидеш шампањски социјалист; мора да си поискрен со нас“.

За U2

Кратко и јасно:

„Тоа е бенд кој никогаш не требаше да постои. Никакво животно искуства нема во нивните песни.“

За Дипиш Мод

Нивните концерти ги смета за безживотни а тие изгледаат како да не им се свири.

„Тие се целосно безживотни. Нема љубов во она што го прават. Кога ќе ги видите во живо, трагедија. Не се движат, не се возбудени од она што го прават...“

За Грин Деј

Од сите, Лидон најмногу го нервираат оние кои се претставуваат како панкери. Особено Грин Деј.

„Имитатори и ништо друго. И вие мислевте тоа е тоа. Е па, не е. Има тука и нешто повеќе. Се нарекува содржина, нешто што ниту еден од тие дрски третокласни шминкери го нема.“

За Оезис

Ги сака како дечки ама не и музиката.

 „Ја мразам нивната музика. Секс Пистолс отворија многу врати пред 20 години, сега морам да седам и да гледам како Оезис ги затвораат тие врати. Безвредни.“

17 септември 2026 - 13:20