Писма на читатели

Сериски писма на читатели

Инспириран од писмото  „Анти-корупциски писма на читатели“ сметам дека е време да дополнам со новости од моиве судски процеси кои траат бизарни 3 години. Имено, сагата продолжува... само среќата сега е на моја страна.

Писма на читателите од македонската Мека на здравствениот туризам

Пишувам од Охрид, град во кој детско одделение при Општата болница- НЕМА. Замислете само што прават жителите на градот, кога имаат потреба од педијатар. Eве ќе ви кажам:

Препишувачки писма на читатели

Немаше ова толку да ми пречи ако нашиве цело време не трубеа дека водат широк, инклузивен, консултативен и транспарентен процес со сите засегнати чинители и така ги стокмиле решенијата за подобрување на даночната политика. А они да ти биле зафатени со препишување и превод од српски.

Анти-корупциски писма на читатели

Јас случајно добив прилика да бидам стручен вештак од страна на одбраната за предмет за организиран криминал, кој што беше интересен и за овдешните медиуми. После неколку рочишта, судијата објави дека тој нема да биде дел од постапката! Ги осудија луѓето за дело кое не го сториле и сега ќе си лежат по 4 години апсаана! Полуписмени поданици, госпоѓо амбасадорке. Со нив држава не се гради!

Агенциски писма на читатели

Да ти прикажам еден хронолошки сет од настани за тоа како оваа „наша“ МИА, ничим изазвана се претвори во испостава на Бугарска телеграфска Агенција (БТА). Дали уредници на МИА се Џамбаски, Слави Трифонов и Каракачанов и ја уредуваат МИА од просториите за кои на Ламбе му се споија жичките?

Претседателски прашања на читатели

„Стево Пендаровски вели дека е голема работа што 141 држава ја осудиле руската воена интервенција во Украина“.

Апелациски писма на читатели

Во јуни оваа година објавивме писмо на еден наш читател кој бил осуден за кражба на самоникнато дрвце борче. Делото "кражба" го сторил преку дејството "стоење", без никаков физички контакт со "украдениот" недвижен предмет. Ама па човекот се жалел на Апелација и сега има дефинитивен одговор. Kрив е!

Писма на читатели од мијачијата

Бев по мијачијата (Папрадиште, Галичник, Гари, Лазарополе и уште по некое селце), во едно од овие места го најдов овој повик. Воопшто не ме изненади што доаѓа од кај нив. Дали тоа почнува да се развива нашиот имунитетен систем? Мене така ми мириса...

Испукани писма на читатели

Очигледно беше дека немаше никаква реакција бидејќи и после 1 час истрелите од автоматско оружје продолжија па се јавив во ПС "Ѓорче Петров" да го пријавам истиот проблем, на што вработената ми одговори до зборовите: "Да господине, знаеме, во Лака е, слушаме и ние, меѓутоа немаме екипи моментално."

Писма на извозени читатели

Ми затреба услуга од македонскиот конзулат во Бон. Ја проверив адресата и на мапс и на официјалната страна на МНР.  Чудно, двете адреси беа различни, си викам, сигурно адресата на МНР е точна, Гугл не е апдејтиран. Стигам - 330 км вожња.

Отворено до бањатите од прв спрат

Мачно ми е што со години се прпелкаме во очајов што ни го приредија и сега наеднаш почнаа да се освестуваат и да бидат со нас. Не ми дава душа така да им простам. Кога ќе ми текне на тоа како си го отќутеа и нè скршија со проклетиот Преспански, со референдумот и со сè друго, просто не можам да им заборавам.

Гео-политички писма на читатели

Не ми е јасно на што мислеа нашите „лидери“ и нивните пресс-титутки кога велеа дека „сега гледаме колку беше важно за нашата безбедност што влеговме во НАТО“. Сите можни воени закани за Македонија се веќе во НАТО, а од нив НАТО ќе нè брани колку што нè брани моментално од Бугарија.

Форвардирачки писма на читатели

Ова писмо го пишувам по повод последниот национал шовинистички испад на група пратеници во Народното Собрание на Република Бугарија.  Пратениците држеа транспаренти на кои пишуваше „Македонија е Бугарија“.

Окрепнувачка преписка со читател

Важно е да се роди идеја за крај. Без таква идеја, бескрајот ќе треа многу подолго. Ни остануваат и следните генерации Македонци. Ако со нив не споделиме некаков „влажен сон“, и нив ќе ги изгубиме. Тогаш џабе ни е целото време на овој свет.

Синдикални писма на читатели

Како вработен во администрација, скалестото и/или линеарното покачување на плати е најгрешниот начин за „наградување“ на вработените. Според мојата пракса, тој што не работи, и дупло да му ја покачиш платата, пак нема да работи.

Процесни писма на читатели

Го паметите осудениот на затвор за кражба на ќебапчиња во Велес? Е па, додадете уште еден таков јунак: осуден за кражба на самоникнато дрвце борче а притоа човекот (јас) наводно сум го сторил делото "кражба" преку дејството "стоење", без притоа да имам никаков физички контакт со "украдениот" недвижен предмет.

Писма на читатели кои имаат три кучиња

Мобсот е две години со дисфункционални задни нозе и е со ограничени способности, меѓутоа односот кон другите кучиња во врска со неговата храна останал непроменет. И двете кучиња, ова постарово и ова помладово, се плашат да се приближат до чинијата на „хендикепираниов“ мобс.

Што со Украина после хепиенд за НАТО?

Ајде да претпоставиме дека ќе се исполнат сите желби на НАТО. Утре кога ќе се разбудите, руските сили веќе се повлекуваат од Украина, поразени. Имаат катастрофални зaгуби и се враќаат дома посрамени. Тоа, заедно со санкциите, предизвикува омраза кон Путин и го симнуваат од власт.

Центар не е Псача

Од декември молам како идиот, после 2 месеци од финиширање на Орце Николов (некаде е готова и повеќе од пола година) конечно да ја исчистат за да не одиме како по градилиште, насекаде е кал и прашина. Другарот Нико "ме извести" дека е чисто и дека претерувам, ама еве, ако сум инсистирал да му докажам - да сум му испрател слики.

Писма на малтретирани читателки

Постојано ве читам и сите содржини ми се драги. Би сакала само да се пожалам негде и да кажам колку во оваа држава нема никакви механизми за заштита на жената. Мојата случка е од вчера,  дејствието се одвива во автобус на ЈСП Скопје, бр.21.

Трите злобни Аманити на македонската трпеза и Царицата

Вкусни се и прималиви на богата трпеза. Се прелажале и цареви. Внимавајте што ќе конзумирате. Прочитајте сè за нив пред некој да ви ги сервира во чинија. За живот се работи.

Есеј „Ладното кладенче со три шепурки“

Понуденото четиво (есејот) има стандардна училшна форма на текст според кој комуникацијата со читателите е во форма на само-одговор. Доколку сакате предизвик, на секое прашање кое завршува со „?“ треба да се понуди одговор. Изберете личност со која сакате да влезете во дебата. Со среќа драги мои.

Читателски писма за медиумските несреќи ем трагедии

Би сакал да ја намалам „видливоста“ во информативниот простор на сите оние, новинари, уредници, луѓе кои во своите изјави не можат да ја одмерат разликата во употребата на зборовите: незгода, несреќа и трагедија. Да се најде некој што може да помогне, во никој случај незгода да не се употребува таму каде што треба несреќа или трагедија!

Една графика, милион зборови

Ви испраќам една графика од Richard Caton Woodville, англиски новинар кој бил во Македонија за време на Илинденското востание. Графиката со наслов „Бугарија и македонското востание“,  датира од 10 октомври 1903 г. и во неа се опишува постапувањето на регуларната бугарска војска на границата меѓу Бугарија и европска Турција кон чета Илинденци кои се обидуваат да ја минат границата после разбивањето на востанието.