Писма на несудени кумови

Дали сте знаеле дека за да го додадам името МАКЕДОНИЈА на веќе избрано име, треба потпис од министерот за правда, а барањето се поднесува исклучиво во писмена форма со образложение зошто мора да стои името МАКЕДОНИЈА.

Поздрав до сите

Деновиве пробувам да регистрирам фирма во централен регистар.

Прво се обратив на лица што имаат лиценца за таква работа и решив да си платам за да не се малтретирам по интернет (шалтери).

Одбрав име и веднаш ручна, иако го резервирав името.

Податоци за резервацијата

****************************

Број на резервација: 202400457

Резервиран назив: АРМА

Резервиран од: ххх@xxxxx.com

Време на резервација: 10.07.2024 13:37

Слободно е ама адвокатот ми јави дека не може тоа бидејќи од ЦРМ  му одговориле дека имало повеќе слични имиња и треба да одберам друго. По два дена изигрување кум кој треба да ја убеди невестата дека било кое име што јас ќе го предложам нејзе не ѝ одговара СЕ ОТКАЖАВ од регистрација на фирма и се сложив со предлогот на еден мој пријател да купам неактивна фирма (поевтино и побезболно).

 Ви ги праќам на линк за контакт од сите канцеларии по градови

https://www.crm.com.mk/mk/za-tsrrsm/kontakt

Ве предизвикувам да пробате да добиете некого за регистрација, ќе изгубите цел ден на телефон чекајќи. 

Освен тоа дали сте знаеле дека за да го додадам името МАКЕДОНИЈА на веќе избрано име, треба потпис од министерот за правда, а барањето се поднесува исклучиво во писмена форма со образложение зошто мора да стои името МАКЕДОНИЈА.

В.М.

10 јули 2024 - 14:40