Аеродромски писма на читатели

Знам дека ние луѓето сме стока и фрламе кај стигнеме, ама па секогаш сме биле стока, а ваква ситуација не била. Казни за фрлање ѓубре било каде, не ли имаме? А пред само 3 дена, во тоа исто школо градоначалникот на Аеродром и министерката за образование делеа таблети на децата.

Здраво Трендо,

Ти испраќам поздрав од Аеродром, „најурбаната“ општина во Македонија, каде што метар квадратен кошта 1600-1800 евра па нагоре.

Локацијава е на 550 метри од Општина Аеродром, на 18 метри од школски двор (40 метри до самото школо) и 125 метри од градинка.

Трагедија е што пред само 3 дена, во тоа исто школо градоначалникот на Аеродром и министерката за образование делеа таблети на децата.

Многу ме интересира дали кога поминуваа покрај ѓубрето баш не го приметија или само го изигнорираа? (изгледа е невидливо чим и новинарите што дојдоа и поминаа покрај него, за да ги снимаат и сликаат, не го видоа и спомнаа)

Како Марија Антоанета да ни ја води државава.

Се давиме во ѓубре, децата немаат каде да играат, ама дај им таблети да не кренат глава да гледаат, ќе играат на таблет.

А да спомнеме како минатиот градоначалник Муцунски, кој беше најавуван пред изборите дека е толку способен ќе дојде и ќе ја среди општината, лани склучи договор за одржување зеленило и хигиена на општината за само 335.000 евра.

Како што би рекол еден наш „државник“: „Парите се потрошија, ѓубрето сто!“

Ако е ваква ситуацијата на само 550 метри од општината, не ни сакам да замислам како е подалеку....

Им се чудам зошто се однесуваат како да ќе нема избори за градоначалник за 6 месеци од сега.

поздрав,
Цветан

п.с. Знам дека ние луѓето сме стока и фрламе кај стигнеме, ама па секогаш сме биле стока, а ваква ситуација не била. Казни за фрлање ѓубре било каде, не ли имаме? За другар прашувам...

13 септември 2024 - 11:32