Од петокот секој ден одам со моето дете во одделението за детски болести во Струга. Детето има температура која не се спушта, па на секое нагло покачување палам колата. Некогаш одам со четири трепкачи на автомобилот за да стигнам што поскоро. Нешто што секој родител би го направил... 20 километри не се многу, но некогаш се како да ја одите цела држава пеш, зависно од сериозноста на ситуацијата.
Денес, после 20 пати возење на истата релација за три дена, зашто поинаку не може, ме застанува полиција за пречекорување брзина од 30км (треба 60км сум возел 90км) и за истата добивам казна од 300 евра. Аферим. Во право се.
Им објаснувам на полицијата дека брзината не е од бес, ама, џабе везам. Ми ги земаа документите и ми велат: "Оди до детско и врати се за казната." Ок. Ај што не се кадарни да најдат медицински кадар за нашите деца, туку за нивната некадарност и барање основна помош која државата не ни ја овозможува во 21 век, ние сме и казнети.
Да се обратиме нема никаде, затоа што дали од бес или од вистинска,ти си крив.
Ама троа појќе се криви и оние кои дозволија да ризикуваме животи по недопрени и ископани патчиња - зборувам за Охрид - Струга, делница позната како дел од автопатот Охрид-Кичево.
Би сакал истово да стане јавно, со ваша и секако сечија друга помош,
Влатко