Писма на почастени читатели

На 22 Април по дома женава и децава купиле чипс за пред тв да се глеаат цртани. Го кркнале они чипсот и да не бутаат рака у ќесава, тоа на крајот го истресле у тањирче. Арно све ама заѕвонило нешо у тањирчево и од чипсов испадна бурма. Онаква бурма коа ја ти ја става женска особа у црква за навек.

Нормално се изнасмеавме нели, но бидејќи и јас имам таква направа на прстот, си помислив колку би ми било криво ако ја изгубам. Искрено се надевам дека и на типов или цурава би им било исто криво што си го/ја изгубиле бурмава, нормално ако не е "залутана намерно" у чипсов.

Би било убаво да си ја пронајдат. Бурмава нема жиг дека е златна или сребрена бидејќи бојата е на "бело" злато ко шо го викаат. А не ја исклучувам можноста да е дел од машината за производство на чипс иако незнам како изгледа машина за чипс.

Горан

Оффнет: Ако се јави некој од Марбо проиозводство, ќе му го дадеме меилот. Најверојатно се работи за машински дел. Но, што го знаеш, Горане, може Господ сака некого да потсети на нешто. Голем си, ти си знаеш :)

23 април 2024 - 12:44