Писма на зачитани татковци

Потребна ни е борба против дезинформации, јавна отворена дебата и искрен разговор на темата, за да се искристализираат работите и да не бидеме жртви ниту на антиваксерска, ниту на ваксерска пропаганда. Да излеземе од положбата во која сме втурнати, меѓу чеканот и наковалната на ваксерската и антиваксерската пропаганда. Се работи за нашето најмило, бесценето богатство, нашите деца и нивниот живот и иднина.

Замислете испит на Медицински факултет, материјал за полагање – упатството, прашање на испитот: Кои се несакани ефекти од вакцинација? Одговор на студентот:

А одговорот би требало да гласи:
- Има можни несакани дејства кои опфаќаат: сериозни алергиски реакции со нагло отекување на лицето и вратот на детето, нагол сериозен пад на крвниот притисок, со последователна вртоглавица и губиток на свеста, забрзана срцева работа проследена со нарушување на респираторниот систем (анафилактичка реакција), губиток на свест, нервоза, иритабилност, абнормално плачење, сомнолентност, главоболка, повраќање, мијалгија, болка, црвенило и оток на местото на инјектирање, зголемена телесна температура и над 40 степени, инсомниа, нарушено спиење, дијареа, втврднување на местото на инјектирање, пролонгирано неутешно плачење, конвулзии со или без треска, исип по кожата со црвенило, чешање, нарушувања на крвта и лимфниот систем лимфаденопатија (зголемени лимфни јазли) на местото на инјектирање, пад на енергија на детето и паѓање во состојба слична на шок, при што детето е бледо и без свест, отекување на нозете и стапалата, сино пребојување на кожата или црвенило, хипотонични- хипореактибилни епизоди, Guillain-Barré синдром (абнормална осетливост, парализа), брахијален невритис (парализа, дифузна болка во рамото и раката).

Професорот сигурно и ладнокрвно би му кажал: “Колега, ова не е одговор со кој ќе го положите испитот. Потрудете се повеќе или запишувајте друг факултет”.

Сега замислете испит на Економски факултет, насока маркетинг, материјал за полагање – упатството, прашање на испитот: Креирање на реклама за производ кој го има наведеното упатство.

Одговор на студентот:

Професорот : Одлично колега, само продолжете така. Чиста 10-ка. Пред вас е блескава кариера.

Пробајте да се сетите дали сте виделе ТВ прилог на национална телевизија во вести или емисија, колумна, званична информација од институциите кои се надлежни за јавното здравје во врска со случаи на несакани последици од вакцина? Дали во Македонија званично нема такви случаи или тие деца и семејства не се од јавен интерес или интерес за јавното здравје? Дали имаме институции кои се надлежни да ги регистрираат и преземаат соодветни мерки во таа насока, да се грижат за нив и да спречат нови такви случаи?

Сега би сакал да ве прашам: дали на вашето најмило детенце со леснотија би му купиле на пример, безбедносно седиште за деца во автомобил доколку го видите на реклама, поминало на царина, во продавница ви го препорачува продавачот како безбедно, а на декларацијата од производителот и упатството за употреба прочитате:

Сериозни алергиски реакции со нагло отекување на лицето и вратот на детето, нагол сериозен пад на крвниот притисок, со последователна вртоглавица и губиток на свеста, забрзана срцева работа проследена со нарушување на респираторниот систем (анафилактичка реакција), губиток на свест, нервоза, иритабилност, абнормално плачење, сомнолентност, главоболка, повраќање, мијалгија, болка, црвенило и оток на местото на инјектирање, зголемена телесна температура и над 40 степени, инсомниа, нарушено спиење, дијареа, втврднување на местото на инјектирање, пролонгирано неутешно плачење, конвулзии со или без треска, исип по кожата со црвенило, чешање, нарушувања на крвта и лимфниот систем лимфаденопатија (зголемени лимфни јазли) на местото на инјектирање, пад на енергија на детето и паѓање во состојба слична на шок, при што детето е бледо и без свест, отекување на нозете и стапалата, сино пребојување на кожата или црвенило, хипотонични- хипореактибилни епизоди, Guillain-Barré синдром (абнормална осетливост, парализа), брахијален невритис (парализа, дифузна болка во рамото и раката)

И замислете, на рутинска контрола сообраќајна полиција ви бара да го имате во кола и вашето дете да биде седнато во него, во спротивно ви следи казна.

Или на пример, во продавница детето ви запнува пред рафтот за лижавче, сте го виделе на реклама и ве моли да му го купите, продавачот ве охрабрува да му го купите бидејќи е убаво, а
вие на упатството од производителот прочитате:

Сериозни алергиски реакции со нагло отекување на лицето и вратот на детето, нагол сериозен пад на крвниот притисок, со последователна вртоглавица и губиток на свеста, забрзана срцева работа проследена со нарушување на респираторниот систем (анафилактичка реакција), губиток на свест, нервоза, иритабилност, абнормално плачење, сомнолентност, главоболка, повраќање, мијалгија, болка, црвенило и оток на местото на инјектирање, зголемена телесна температура и над 40 степени, инсомниа, нарушено спиење, дијареа, втврднување на местото на инјектирање, пролонгирано неутешно плачење, конвулзии со или без треска, исип по кожата со црвенило, чешање, нарушувања на крвта и лимфниот систем лимфаденопатија (зголемени лимфни јазли) на местото на инјектирање, пад на енергија на детето и паѓање во состојба слична на шок, при што детето е бледо и без свест, отекување на нозете и стапалата, сино пребојување на кожата или црвенило, хипотонични- хипореактибилни епизоди, Guillain-Barré синдром (абнормална осетливост, парализа), брахијален невритис (парализа, дифузна болка во рамото и раката)

Како ќе се чувствувате кога наутро си го носите детето во градинка и воспитувачката ве пречека на врата со зборовите: “Добро утро, дали му купивте на вашето дете лижавче од убавите? Донесете ми потврда дека сте му купиле и го излижало лижавчето, па потоа може да престојува овде”. Исто така може да ве пречекаат и во училиште со барање на потврда за излижани не едно, туку повеќе лижавчиња. А многу лесно може да се случи повторно во низа пригоди да побараат потврда за излижани лижавчиња.

Потребна ни е борба против дезинформации, јавна отворена дебата и искрен разговор на темата, за да се искристализираат работите и да не бидеме жртви ниту на антиваксерска, ниту на ваксерска пропаганда. Да излеземе од положбата во која сме втурнати, положба на заложништво меѓу чеканот и наковалната на ваксерската и антиваксерската пропаганда. Се работи за нашето најмило, бесценето богатство, нашите деца и нивниот живот и иднина.

Тато

*Целото писмо со уште многу детали, објаснувања и описи го имате овде

19 април 2024 - 09:29