Сериски писма на читатели

Инспириран од писмото  „Анти-корупциски писма на читатели“ сметам дека е време да дополнам со новости од моиве судски процеси кои траат бизарни 3 години. Имено, сагата продолжува... само среќата сега е на моја страна.

Претходно:
Процесни писма на читатели
Апелациски писма на читатели

Знам дека можда ти здосадив, ама целта на писмава во продолженија ми е да ја докажам трулоста на нашиот судски систем кој невините ги прогласува за виновни а виновниците ги претставува како жртви.

Сè уште не е гејм овер.

Упорен, каков што ме дал Господ, не можев да се помирам со пресудата на Апелациониот суд во кој ме прогласуваат за виновен без да ме сослушаат, па преку Врховен суд им ја укинав и Апелациската пресуда во која ме прогласуваат за виновен (види бога ти) за едно дрвце борче, па сега ќе мораат јавно да ме сослушаат што имам да кажам заедно со мојот адвокат и тоа по две основи : 

- За наводна кражба на дрвце борче за кое бев до скоро осуден (бизарен спор кој трае веќе 3 години)
- За нелегално снимање каде јас тужам и сметам дека ми се нарушени правата на приватност со тоа што сум сниман на јавен простор а снимката е грубо монтирана и искористена против мене иако според закон во суд не смеат да се емитуваат нелегално снимени материјали (без ПИМ мерки) 

Сега пред Апелацискиот совет на јавна седница конечно ќе се изнесат сите факти и аргументи за споровите за кои очигледно лаички бев осудуван. Во меѓувреме сум слободен како птица и неосудуван а богами Врховен суд утврдил и дека нашиве судии не судат според европската конвенција за човекови права туку според некое нивно замислено право кое произведува неправда. Со полуписмени идиоти како што е споменато овде навистина не може да се прави држава. И потполно се согласувам. Сè уште верувам во тие 5-6 кои можеби можат да направат разлика.

Во прилог извадоци од Укинатата пресуда од Врховен суд со која бев ослободен каде се спомнува повреда на човековите права според Европската конвенција.

Следните рочишта се во јануари на Апелација, каде ќе им влеземе со медиуми па се надеваме на позитивен исход.

Поздрав и Среќна нова, сите желби реалност :)

Трајче

29 декември 2022 - 14:42