Апелациски писма на читатели

Во јуни оваа година објавивме писмо на еден наш читател кој бил осуден за кражба на самоникнато дрвце борче. Делото "кражба" го сторил преку дејството "стоење", без никаков физички контакт со "украдениот" недвижен предмет. Ама па човекот се жалел на Апелација и сега има дефинитивен одговор. Kрив е!

Види: Процесни писма на читатели

***********

Доследно да известам дека еве, дочекавме разрешница од судскиот спор за наводно украдено дрвце борче и тоа на моја штета. Од Апелацискиот суд од Скопје каде двајца од тројцата судии се, народски кажано, 'шабани' oд ДУИ.

Струјата во Арачиново, кабелот во Модуларната во Тетово, Беса Транс каде само правното лице ќе се гонело за 50 мртви ... мал милион примери има каде обичниве смртници го јадеме со јаки судски казни и трошоци од некои чобани од планина што не почитуваат ни рок ни закон ни бутур.

Неколку поенти:

1.Апелациониот суд ја потврдил пресудата дека сум сторил кривично дело кражба на ден 10.04.2022 година иако во образложението на пресудата се вели дека се наоѓам на местото на 11.04.2022 година.

Како сум украл нешто на 11-ти ако тоа било украдено на 10-ти???

Извадок од нашата жалба која Апелација не ја гледа:

2. Приватната кривична за кражба е примена после 3 месеца и 8 дена до судот од Велес ама тамошниот судија (кадар на ДУИ) ја прифатил како валидна иако според закон треба да се поднесе во рок од 3 месеци после запирање на постапката, и после тоа не важи - ама па кој рече дека важат закони за ДУИ.

3. Крајно, пресудата е заснована на видео запис кој е монтиран, сечен, лепен и невалиден, обезбеден без ПИМ мерки и не може да се користи како доказ во судска постапка а судијата од Велес си го прифати како попче, додека Апелација повторно се прави на Тошо и вели дека не сме го спореле.

Од нашата жалба (каде што го спориме):

Одговор од Апелација беше дека сме го прифатиле видеото како валидно!

Сè ова погоре и многу други бизарни работи се прифатливи за Апелација и неспорно е дека замислете - јас сум го извршил делото а не некој друг.

Значи, да резимираме: рокот во кој е доставена приватната тужба пробиен, невалидна снимка - прифатена, спорен датум на извршување и борче одземено од друго лице.. Една здрава логика нема дека сторителот сум јас - а осуден сум!

Поголем срам и циркус од ова, здравје.

Трајче

П.С. За првата постапка каде обвинителство ме гонеше со видео запис доставен без ПИМ мерки и спротивно на ЗКП доставив преставка до Совет за јавни обвинители за да ја дисциплинираат обвинителката а од таму ме известија дека тоа било ок и дека немало штета - што значи, од сега луѓе снимајте сè живо и диво и носете снимки по судови (дури и со мобилен телефон) па обвинителиве (оние од старото време со нокте на малото прсте нека ви ги прифаќаат како валидни па местете луѓе за кривични дела). Суд ли е земјоделска задруга ли е??

7 септември 2022 - 10:16