Загарантиран бизнис
Која и да работи во оваа компанија, ќе има еден куп корисници. Жените со задоволство ќе ѕвонат тука знаејќи дека добиваат 100% безбедност. Феминистите ќе ве рекламираат бесплатно. Љубоморните мажи исто така ќе инсистираат на ова такси линија за своите девојки и сопруги. Всушност, многу брзо прашањето ќе се заврти во: „Ќе преживеат ли другите такси линии овде?“
Родово балансирано учество
Скоро сите таксисти во Македонија се мажи. Ова е една огромна полова нерамноправност! Феминистите во новиот закон за родова еднаквост бараат процентуална застапеност на жените и мажите во сите сфери на јавниот и политичкиот живот која не е помала од процентот на застапеноста на тој пол во вкупната популација. А тоа преведено значи и 50% од таксистите да бидат жени. Еве конечно можност феминистите да направат нешто практично, бидејќи овој „родов јаз“ кај такси возачите мажи очигледно нема самиот од себе да се корегира со двочасовно марширање за 8 Март.
Рушење стереотипи
Ова е одлична можност да се сруши и стереотипот дека жените се лоши возачи. Феминисти активисти, топката е во ваши раце. Повелете докажете му на светот дека навистина се борите за полова рамноправност во сите сегменти од општеството.
Златко Бучкоски