Агенциски писма на читатели

Да ти прикажам еден хронолошки сет од настани за тоа како оваа „наша“ МИА, ничим изазвана се претвори во испостава на Бугарска телеграфска Агенција (БТА). Дали уредници на МИА се Џамбаски, Слави Трифонов и Каракачанов и ја уредуваат МИА од просториите за кои на Ламбе му се споија жичките?

Треки здраво,

Да ти прикажам еден хронолошки сет од настани за тоа како оваа „наша„ Македонска Информативна Агенција (МИА), ничим изазвана се претвори во испостава на Бугарска телеграфска Агенција (БТА) и како на најдобрите македонски научници им фрли копје у гради ко Јан Железни на Олимпијада у Барселона деведесет и друге.

На 10-ти октомври 2022год, Stanford University (втор најдобар универзитет во светот) ги публикува листите на најцитирани (највлијателни) 2% светски научници на сите времиња и листа на најцитирани светски научници за календарската 2021 година од сите области.

Линк до датабазите на сите листи na Stanford тука.

Е сега пази ова: на 18-ти октомври МИА, што би требало да е „Македонска Информативна Агенција“ објавува вест, пази сега-ЗА 18 БУГАРСКИ НАУЧНИЦИ ЗАСТАПЕНИ НА ЛИСТАТА НА СТЕНФОРД.

(линк)

Ниту збор ниту абер ниту со мали букви напишано за македонски научници на листа на Стенфорд!

Ама...

Бонус број 1: На листите на Стенфорд во 2022 година има рекорден број на македонски научни работници и тоа: Академиците Љупчо Коцарев, Ратко Јанев, Валентин Мирчески, Леонид Грчев, како и Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов, Иван Грозданов, Кимет Јусуфи, Веланд Рамадани, Биљана Бауер, Биљана Стојкоска, Роберт Христовски, Марјан Гушев и Христија Ѓорески.

Бонус број 2: Кимет Јусуфи има само 35 години и е рангиран во првите 20 000 научници за 2022 година.

Бонус број 3: Кимет Јусуфи самоук теоретски физичар е во најдобрите 100 млади научници до 35 години во цел свет, ако некој добие Нобелоза за било која област во иднина од Македонија, тоа ќе биде тој.

Бонус број 4: Ниту во Бугарија ја нема веста за софиските научници што ја пренесе МИА на 18ти октомври 2022 година.

Бонус број 5: Сите македонски научници на листата на Стенфорд, заедно имаат вкупно добиено НУЛА денари поддршка од домашни извори за да прават наука.

Колегиве прашуваат дали уредници на МИА се Џамбаски, Слави Трифонов и Каракачанов и ја уредуваат МИА од просториите за кои на Ламбе му се споија жичките, треба да се провери.

И сега, што викаше ти не тако давне две хиљаде и прве---криви ни се Албанците што ни фрлале пепел во салепот, криви ни се Грците што ни ставале неферментиран лозов лист во узото, криви ни се Србите што ни подметнувале говно од штрк во ракијата.

Рубин

п.с. Голем поздрав и чувајте средна лента на off.net.mk

************

Редакциска забелешка: МИА веќе не е Македонска информативна агенција; успеа да ја задржи истата кратенка кога буквата М од богохулното „македонска“ го претворија во пожелно М од “медиумска“.

Обожаваат северномакедонски придавки.

Види:

МИА е погрешна кратенка од Шупачка Информативна Агенција

Мама, МИА сака да ѝ се извиниме

п.с. Нe нè тужеа и не бараа „надомест за причинетата штета“; заканите беа АПП (ако проџе- проџе). А нормално - не проџе.

23 октомври 2022 - 12:07