Писма на кочански протесни акорди

Друже,
Во Кочани изгледа ако тлее ќе пламне. Тоа со депонијата башка и котлината ја запалија, на селаните им пречи сламата, на депонијата се расипала бравата. Луѓето за здрав живот си ги бараат правата.

Денеска организиравме (по неколку деноноќија блокади кон депонијата) рок свирка, еден вика, абе, забава правите, не бе велам, протест, Рамонс, панк!

Најфраерско е што во рок бендот ма 18 годишници, три се девојки и двајца момци.

Тргна на промени.

Во пуста гора да оди она што над и под Кочани се гори.

Дарко

10 ноември 2024 - 10:59