Писма на заглавени читатели од Малта

Тоа што плаќаме повторно сите по 35 евра иако иаме важечки пасоши и не ми е толку проблем ама ми ствара гнев кога ќе ми текне какви слепци ќе јадат и пијат од овие пари по скопските меани и чајџилници.

Еве со какви проблеми се соочуваат нашите во Малта.
Иако нè има неколку илјади, нема амбасада во Малта и мора да ги чекаме на секои 3-4 месеци да дојдат со машината од Венеција за да се сликаме за пасошите кои ги обновивме во 2021 и се со важност до 2031, ама веќе неважечки од веќе познатите причини.

Значи се ослободуваш од работа, правиш триста комбинации за детето затоа што терминот ти е кога треба да го земеш од школо и ова ти се дешава:

Ако не ја поправат денеска или утре, тоа значи дека многу луѓе ќе останат заглавени на Малта уште 3-4 месеци, до наредното доаѓање.

Тоа што плаќаме повторно сите по 35 евра иако иаме важечки пасоши и не ми е толку проблем ама ми ствара гнев кога ќе ми текне какви слепци ќе јадат и пијат од овие пари по скопските меани и чајџилници.

Поздрав,
Благоја

24 февруари 2024 - 13:08