Лихварски писма на читатели

Во името на мојата мајка Љубица Крстеска (72) – пензионер и со нејзино одобрување за споделување на овие податоци, на сите слично засегнати граѓани Ви посакувам добро здравје и чист ум за една борба против злоупотребувачите на Законите и изнемоштување постари лица. Ги охрабрувам сите правници - адвокати кои ќе препознаат можност за тужба кон Фирмата и/или Нотарот да ме контактираат.

Факти (се охрабруваат телата до кои е пратено ова отворено писмо  официјално преку свои правни инструменти да ги проверат следиве наводи)

·         Долг 221 денар!

·         Нотарот доставува Налог за извршување за 6 336 денари!

·         Налогот е доставен на 12.01.2023 г.

·         Рок за плаќање 3 дена од прием на Налогот (четврток, петок, сабота)

·         Поднесена тужба од страна на фирмата на 25.08.2022 г.

·         Во Налогот за извршување не е наведен датум на кој настанува долгот!

·         Во Налогот за извршување не е наведена фактура по која е пресметан долгот!

·         Ваквата недоследност на Налогот создава конфузија во однос на проверката на домашната архива за платени сметки!

·         Во Налогот за извршување не е наведен начинот и датумот кога е пратена опомена од фирмата согласно Законот за општа управна постапка!

·         Во Налогот за извршување не е наведен начинот и датумот кога е пратена опомена од Извршителот, согласно Законот за општа управна постапка, Законот за извршување и Кодексот на извршители!

·         Врз основа на Законот за општа управна постапка лицето за кое е издаден овој налог го има доставено својот функционален телефонски број до фирмата ( документ во прилог -  книговодствена картица со меморандум).

·         Во временскиот период од 25.08.2022 до 25.08.2023 година ниту фирмата ниту Извршителот немаат остварено контакт на овој телефонски број за барање за подмирување на долг, согласно Законот за општа управна постапка, Законот за извршување и Кодексот на извршители.

·         Во Налогот не е наведена законската одредба врз која извршителот носи решение за заплена на имот!

·         Без да се наведе таквата законска одредба Налогот за извршување е еднаков на институционална уцена. Односно е спротивен на Член 5 став 2 Од Законот кој го цитирам : При спроведување на извршувањето извршителот е должен да води сметка за достоинството на личноста на странките, учесниците во постапката на извршување и нивните семејства, како и за тоа извршувањето да биде поповолно за должникот. (?)

·         Дали Извршителот сака да го заплаши лицето со паркирање на полициски и други службени возила пред неговиот дом за долг од 221 денари?

·         Дали Извршителот може да биде повикан на одговорност за кршење на Уставните права доколку неговите свесни дејствија предизвикаат последици врз неприкосовеноста на правото на живот кои имаат за последица смрт. Односно создаваат чувсто на страв.

·         Дали извршителот го крши Член 11 од Уставот кој вели, цитирам: Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени. Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување. Се забранува присилна работа. (?)

Во името на мојата мајка Љубица Крстеска (72) – пензионер и со нејзино одобрување за споделување на овие податоци, на сите слично засегнати граѓани Ви посакувам добро здравје и чист ум за една  борба против злоупотребувачите на Законите и изнемоштување постари лица.

Ги охрабрувам сите правници - адвокати кои ќе препознаат можност за тужба кон Фирмата и/или Нотарот да ме контактираат на jane_krsteski@yahoo.com

За крај,

Почитувaни,

Претседател, Собрание, Премиер, Министер за правда, други Министри, амбасадори и сите останати до кои е испратено ова писмо. Дали е ова е лицето или опачината на патот за кој нè уверувате дека води кон подобра иднина? Би ми било драго ако некој од Вас ми одговори на ова писмо!

Срдечен поздрав
За Македонија во ЕУ 2030!

Јане Крстески

13 јануари 2023 - 07:14