Почитувана редакцијо,
Се надевам дека сте во добра форма и со добро здравје, и сè уште имате мотивација за да влијаете на општествените случувања. Ако се чувствувате преморени да го споделите ова мое писмо/мислење, во целост ве разбирам.
Во прилог ви праќам фотографии од екран за цената на еден од најзначајните лекови против Дијабет за терапија од 30 дена, (JARDIANCE 30 X 10mg).
Во прватаа фотографија е наведена цената во малопродажба и големопродажба во Македонија.
Во другата фотографија е наведена цената во Србија. Бидејќи не го познавам албанскиот јазик неможам да ви пратам линк од Косово, но сигурен сум дека некој ваш читател може да потврди и да прати слика дека цената на овој лек е слична и во Косово.
Според денешната курсна листа (31.11.2024) еден RSD (српски динар) вреди 0.5254 македонски денари. Значи, цената на JARDIANCE 30 X 10mg е 2.024 денари во Србија, а во Македонија е 2.737.88 денари.
Сметам дека е легитимно да прашам кој во Македонија заработува 713 денари (околу 11.6 евра) по месечна доза, на грбот на болните од дијабет?
Јас не знам колку болни од дијабет има во Македонија.
Само за пример, да речеме дека има 10.000 граѓани (односно 0,55% од повеќе од 1.800.000 граѓани), сите тие заедно треба да платат дополнителни 110.6000 евра месечно или вкупно 1.392.000 евра годишно.
Дали некој граѓанин болен од дијабет со препишана терапија со JARDIANCE 30 X 10mg, законски може да биде обвинет за шверц со лекови доколку лично отиде да ја набави својата терапија во Србија или во Косово за период од 6 месеци?
За крај, како гласач, сакам да ја прашам мојата држава, дали да го поддржам шверцот со лекови кои ги набавувам надвор од системот и ми се од животно значење или ќе лоцирате каде одат тие 713 денари.
Јас парите ќе ги дадам, бидејќи за мојот живот се работи. Ако државата не преземе ништо за овој проблем, ќе биде соучесник во развојот на шверцот со лекови.
Поздрав,
Јане Крстески