Да пробате нов агрегатор на вести?

На други да, ама на Оффнет агрегаторите на вести не му вршат голема работа околу читаноста, од проста причина што за да се најдеш на таму треба да пишуваш за исти теми ко и другите, па алгоритмот да те стави во кластерот на темата, тоест во купчето. Нам, јбг, не ни е удобно во купчиња, какви и да се. Ама па, некои дечки ни пишаа дека имаат нешто ново и свежо на темата, па да им се даде шанса.   

Здраво Трендо,

Решивме и ние да аплицираме на твојот отворен повик за неутрален агрегатор на вести (види: „Постои ли некаде неутрален агрегатор на вести?“).

Ова е тоа што успеавме да го направиме: суп точка мк (овде)

Софтверов генерира композитни текстови на база на оригиналните текстови во кластерот.

Најважните (најповторуваните) информации за кои има консензус помеѓу сите извори, се најгоре.

Информации кои се објавени само од дел од изворите, се долу.

Помеѓу се вметнуваат содржини од социјални мрежи кои се однесуваат на темата - се пребарува Twitter, YouTube, Instagram, Facebook.

Имаш и неделна верзија. Пример, се враќаш од планина после недела дена, и немаш појма кој политичар што лажел додека си бил отсутен. Едноставно, одиш на "Неделава" во горното мени, и читаш композитни текстови генерирани од најважните неделни кластери.

Со здравје да го користиш.

другарски поздрав,
Sup.mk

P.S. Планираме да ги делиме СИТЕ приходи (минус трошоците) 50%-50% со порталите. Оди во html кодот на било кој композитен текст, во <head> секцијата имаш тагови <meta name="source-potential-compensation-quotient"...>, кои се симулација за тоа кој извор би добил колку од потенцијалниот рекламен колач.

Од секој оригинален текст се зема не повеќе од една реченица (евентуално плус насловот), за да се остане во рамки на правилата за фер употреба кои постоечките агрегатори ги почитуваат.

**************

Додека сме на темава, имате и вака апликација - MyNewz

 

29 октомври 2023 - 10:37