Offside

Некои емпириски докази од терен покажуваат дека има влијание и дека текот на дуелот се менува, дали на една или на друга воденица.

Со скинати копачки го внесе тимот од детството во Премиер лига

Џек Грилиш е главна ѕвезда на Астон Вила поради фактот што таму е од детството и не замина дури ни кога испаднаа од лигата а тој доби богати понуди да замине во некој од англиските великани.

Жонглер на денот на кој му треба помош

Детево е од Тајланд и жонглира на улица со тоалетна хартија за да собере пари за школување. Еден искоментирал дека е подобар од Ешли Јанг, вториот му вели: дојди во Бешикташ, а трет тврди дека има подобра контрола од Лукаку, Игуаин и Мората. 

Астон Вила е нов премиерлигаш и ќе заработи 160 милиони фунти

Во игра на нерви, клубот од Бирмингем го совлада Дерби Каунти на Френк Лампард и после три сезони се враќа во елитното друштво, подвиг за кој ќе добијат огромна сума на пари.

Ечи „We are the champions“ во Валенсија

11 години чекаа за трофеј, а по квалитет и реноме не се Гранада за да не може една деценија да се израдуваат на трофеј. По сите турбуленции, трофејот не можеше да биде посладок. Дојде токму на 100 годишнината од формирањето на клубот и тоа со гостински триумф над шампионот Барселона во Копа дел Реј.

ЕВН со одлично второ полувреме до реми во дуелот со Уни Банка

Две реми средби на првите понеделнички дуели за оваа недела во Бизнис лигата на Македонија, како и една службена победа на Еуро Табак над Борис Трајковски.

Лудо славје во Берлин, Унион влезе во Бундеслига првпат во историјата

Унион Берлин важи за еден од најсимпатичните клубови во Германија чии навивачи на времето собираа самоиницијативно пари за реконструкција на стадионот кој синоќа ја доживеа најголемата радост во клупската историја.

Документарка за депресија на БиБиСи со Тиери Анри, принц Вилијам, Дени Роуз

Во ситуација кога статистиката во Британија покажала страшни резултати за депресија меѓу мажите, принцот Хари ги собира големите фудбалски ѕвезди и отворено на БиБиСи раскажуваат за психолошките трауми низ кои поминале. Бараат од мажите да зборуваат за проблемите.

10 години од единствениот дуел Меси vs Роналдо во финале на ЛШ

Стадионот Олимпико во Рим за сега е прв и единствен домаќин на дуелот меѓу двајцата најдобри во едно вакво финале. Помина една деценија, а како вчера да беше. Каков мега дуел беше тоа меѓу две страшни екипи предводени од Фергусон и Гвардиола кој тогаш ја почна ерата во Барселона.

Голман го прекрши Вејн Руни

Играл Вејн по секакви терени во Англија и се челичел по пабови, ама ваков старт од голман во кариера не доживеал. Мет Тарнер од Њу Ингланд доби директен црвен по овој старт, а Руни во 97-ма минута од пенал му донесе бод на неговиот Ди-Си Јунајтед (1:1).

ЕХФ за Вардар: 10 причини зошто пак ќе бидат европски прваци

Пред стартот на сезоната, Европската куќа на ракометот не го ставаше Вардар ниту во топ 10, арно ама бандата на Парондо се покажа до толку дрска што успеа да стигне до Фајнлфор. Причина сега ЕХФ на својот сајт да објаснува зошто ќе освојат ЛШ.

Аталанта изгази сезонава за сите пари и заслужено ќе игра ЛШ

Секоја чест за владетелот Јувентус, но оваа сезона аплаузите ги собра клубот од Бергамо кој има 23 борци кои направија дар мар во Италија. Дечките одиграа фантастично до крај и скроз заслужено обезбедија дебитантски пласман во елитата.

Градот кој 11 години чекаше трофеј, конечно на 100-годишнина го дочека

Фудбалскиот клуб Валенсија е основан во 1919 година, така што годинава слави 100-ти роденден. Фудбалерите и тренерот Марселињо спремија торта, а навивачите ставија јагодка на шлагот.

ФФМ угледај се на колегите од Грузија

Паричната награда која што УЕФА ја доделува на секој победник на група во Лигата на нации, фудбалскиот сојуз на Грузија решил да го подели за три добротворни здруженија во земјата кои помагаат потешко заболени деца.

Стани најдобрата верзија од себеси во новите ADIDAS KHOE RUN!

Sport Reality оваа сезона ви претставува патики за трчање кои еднакво ќе ги посакуваат како професионалните тркачки, така и девојките кои преферираат лежерни градски прошетки.

Го имаме идиотот на денот

Чарлтон е новиот второлигаш кој синоќа го доби Сандерленд со 2:1 во плејоф меч вреден пласман во Чемпиошип. А овој е навивач на Сандерленд кој е поразен и во главата која од што му е шуплива, не осеќа болка. 

Сте го виделе ли најубавиот фудбалски пејзаж во Европа?

Фудбалот на Фарски Острови е аматерски, лигата полу-професионална. Играат келнери, монтери, доктори, точкари и водоинсталатери. Ама кога ќе видите кај играат, ќе им позавидите.

Најдобрата мачка-голман на светот

Навивач на Јувентус решава да ја снима својата домашна мачка за која некој второ или третолигаш би требало сериозно да размисли да ѝ понуди договор.

Кога судија ја пишал 5+

После мечот од 4-та холандска лига меѓу Харкемас Бојс и ХСВ Хоек може да кажеме дека сме виделе сè. Еден од стрелците на мечот беше и главниот судија кого топката го удри во лева нога и заврши во мрежата по хаос во шеснаесетникот. Мртов ладен го призна голот со кој Хоек намали на 3:2 и покажа кон центарот. На крајот мечот заврши 4:2.

Тахикардија моментите на Меаца

Тахикардија е симптом кој претставува покачување на бројот на чукања на срцето (срцева фреквенција) над физиолошките граници. Синоќа на мечот Интер - Емполи тој симптон го имаа сите од прва до 99-та минута, а да не зборуваме за последните 15 минути.

Емотивно испраќање на последниот гладијатор

Откако со солзи го испратија Франческо, навивачите на Рома синоќа се збогуваа и со неговиот наследник, најголемиот фајтер кој ја носел капитенската лента, Даниеле Де Роси.

Невидена контрола на топка во украинска лига

На мечот Лавов - Олександрија во украинското фудбалско првенство, Бразилецот Педро на многу блесав начин исконтролира едно додавање.

Тројца несреќници се удрија во ѕидот по име Јап Стам

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен организираа фудбалски спектакл по повод 20 години од јубилејното историско финале во ЛШ, ама со актерите од тогаш. На Јап Стам е полошо да му влезеш во дуел еден на еден сега на 46 години отколку тогаш. За 3 секунди, тројца ги легна на нозе.

Луда завршница во Серија А, Пандев и Џенова едвај се спасија

Заврши сезоната и во италијанскиот фудбал. На Јувентус и Наполи во Лига на шампиони ќе им се придружат Интер и Аталанта, а од лигата испаѓа Емполи кој има исто бодови, но послаба гол разлика од Џенова на Пандев.

4.00 коефицент дека некоја гола будала ќе упадне на Ролан Гарос

Стартува најпознатиот тениски Гренд слем на светот. Првпат после 2015-та се враќа Роџер Федерер, а токму Швајцарецот имаше две необични искуства на терените во Париз. И не само тој.